|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Визија и Мисија

Визијата на организацијата е,  да научиме, заслужиме и стекнеме посакуван статус во граѓанскиот живот, да креираме посакуван модел на организација, кој ќе биде алатка на промените во општеството – во посакуваната насока и да произведеме јавен статус и јавни овластувања за организацијата, со цел подобро да ја исполниме нашата мисија. 

Мисијата на АГТИС е Имплементација на европските стандарди, низ dog watching, проценка на закони и владини реформи и едукативно подигање на капацитетот на општеството за прифаќање на демократијата, плурализмот, децентрализацијата, дерегулацијата,  деинституционализацијата, како и другите видови субсидијарно решавање на проблемите како начини на устројување на државата.

При тоа мислиме и на грижа владините реформи да допринесуваат кон доброто владеење, како на легислативно, така и на имплементациско ниво.

АГТИС, преку медиска дисеминација на своите активности и производи, делува на општата ТВ публика, но и на одредени стејкхолдерски групи во: постигнување свесност за штетноста и неодржливоста на растечките тенденции на концентрација на моќ во процесите на носење одлуки; контрола и реакција при промената законското и фактичко опкружување; пропустите во законите, и нивната некохерентна имплементација, со цел да се јави критична маса секторски експерти со јавна доверба, кои би учествувале во мониторинг на законите, како и на снижување на прагот на толеранција на постапки на лошо владеење.

При тоа, хуморот, карикатурата и видео формите (глумечки и уметнички перформанси) се значајна презентациска форма на организацијата