|  АГТИС - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Координати на културата

Донатор: Министерсво за култура

Времетраење на проектот: Април 2018 – Септември 2018

Развивање нов културен простор за извидничките организации, базиран на културни, културно – амбиентални и еколошко – естетски премиси, кој мисијата и активностите на овие организации ќе ги ориентира кон интеркултурна и меѓународна размена, ќе ја зголеми нивната мобилност и капацитет за финансирање на сопствените активности и работа и ќе ги насочи кон утилитализирање на културното и природното наследство, во разни форми на еколошки и културен туризам, како и нивни комбинации. Со тоа, македонските извиднички организации  би  ја зголемиле општествената одговорност на овие значајни групи млади, истовремено правилно ориентирајќи ги кон осовременување на нивната мисија, разбирањето на извидничката мисија, со што младешката енергија би се насочила кон развој на културна продукција и помош на културниот туризам и индустриите на културата, како база за нивна самоодржливост.