|  АГТИС - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Рурален Community Reporting преку Отворена ТВ

Донатор: Амбасада на САД во Македонија

Времетраење на проектот: Април 2018 – Декември 2018

Целта на проектот е зајакнување на капацитетот на граѓаните за учество во процесите на одлучување во руралните општини во Пелагонискиот плански регион, со што ќе се зголеми одговорноста и транспарентноста, како и грижата на локалните самоуправи кон граѓаните; преку јакнење на јавната и институционалната свест, капацитет и социјална чувствителност за етнички, верски, родови, здравствени, генерациски и социјални прашања, како и преку остварување на правата на посебните целни групи, во согласност со законите.
Главни проектни активности ќе бидат обуките за целните групи за Community Reporting  во 4 рурални општини со цел да се промени моделот од "оневозможувачки" во "овозможувачки" средини преку мониторинг на работата на локалните самоуправи и државни органи и агенции, која ќе биде дистрибуирана на „Отворена ТВ Прилеп", како дел од Веб ТВ Балканска мрежа и низ сите други медиуми.