|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Локален волонтерски сервис 2012/2013

Донатор: National Endowment for Democracy

АГТИС во партнерство со Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) во периодот октомври 2012 до април 2013 ја имплементира четвртата фаза од проектот „Локален волонтерски сервис“.

Целта на проектот е поддршка на одржлив развој на волонтерството во Македонија преку воведување на волонтерски програми во јавни институции, државни органи, локални самоуправи и НВОи, преку имплементација на Законот за волонтерство на локално ниво. Целна група се млади од 18 - 35 години, локалните заедници каде има волонтерски инфо точки, НВО секторот, јавните институции, локалните самоуправи и државните органи. Активности на проектот се: креирање и функционирање на волонтерска датабаза, потпишување меморандуми за разбирање со институциите/ организациите и креирање на волонтерски позиции, обука, сместување, мониторинг и евалуација на волонтери кои ќе волонтираат по 3 месеци со платен надомест на трошоци за пат и храна, обуки за волонтерски менаџмент на вработените во институциите/организациите и јавна кампања за промоција на локалниот волонтерски сервис.

Проектот ќе се реализира во 7 градови во Република Македонија: Битола, Скопје, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Тетово и Свети Николе.

Вкупно ќе бидат сместени 70 волонтери