|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Локален волонтерски сервис 2014/2015

                                                  

ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ
Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) во соработка со 6 невладини организации односно Волонтерски Инфо Точки (ВИТ) и тоа АГТИС - Прилеп, Младински образовен форум – Скопје, СППМД - Кавадарци, Младински совет - Струмица, Институт за развој на заедницата - Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе. продолжуваат со имплементација на шестиот циклус проектот „Локален Волонтерски Сервис“

Како дел од шестиов циклус:

Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 100 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) во над 20 општини во Република Македонија. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти.

Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Очекуван почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2015 година.

 Пријави за волонтери  и дополнителни информации околу волонттирањето на следните е-маил адреси 

  • За Битола и околните општини – Младински културен центар – Битола: mkcbt@t-home.mk
  • За Прилеп и околните општини – АГТИС: agtis@t-home.mk
  • За Скопје и околните општини - Младински образовен форум: policy@mof.org.mk
  • За Тетово и околните општини – Институт за развој на заедницата: info@irz.org.mk
  • За Струмица и околните општини – Младински совет Струмица mladinskisovetstrumica@gmail.com
  • За Кавадарци и околните општини – СППМД: contact@sppmd.org.mk
  • За Свети Николе и околните општини – Организација на жени: womsvetinikole@yahoo.com
  • Рокот за пријавување е до 20 декември 2014 година.
  • Проектот е поддржан од National Endowment for Democracy.