|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Рамковна меѓуетничка “Role Play” школа

Донатор: ФИООМ
Датум на започнување/завршување: 20.10.2001- 30.02.2002

Цели на проектот
Поттикнување методи на граѓански одговор и изразување на мислења. Јакнење на меѓуетничката соработка преку невладина соработка. Поддршка на Рамковниот Договор низ специфични канали на граѓански одговор.

Целна група
Невладини организации од Македонија (одбрани), граѓанство, новинари, лидери на мислење.

Активности
Подготвителни активности за јавен настап (изнајмување опрема, ангажирање консултант за подготовка на 10 перформанси со минимални зададени параметри, Ангажирање на кореограф за подготовка на младите од АГТИС); Изведба на Пилот перформаса пред членовите на АГТИС, партнерските организации и донаторот; Воспоставување систем на награди, мотивација и правилници за работа внатре проектот; 2. Печатење на сензибилизативни и едукативни материјали, правилници за работа, пропозициони правилници и синопсис на перформансите; Интернет покани до невладини организации за учество, покани и контакти со новинари, лидери на мислење и други заинтересирани; Информирање на избрани организации и патувања за договарање со идните учесници; Работилница во Прилеп за изведба на перформанси; Пилот изведба пред снимање со присуство на НВО – и, лидери на мислење, донатори, новинари и други заинтересирани; 3. Набавка или изнајмување на потребна опрема за изведба; 4. Покани за публиката и повратни информации; Изнајмување на сала, опрема за озвучување; Ангажирање агенција за снимање на настанот; Работилница со учесници, лидери на мислење, новинари и донатори околу самиот проект; Јавна средба со перформанси: Рамковна меѓуетничка “Role Play” школа; Монтирање на материјал и креирање на финална форма на производот; 5. Дистрибуција на видео касети до медиумски ТВ куќи; Web страница за експанзија на моделот “Fish bowl”, “Role Play” варијанта www.roleplay.net.mk

Учесници во проектот
Десет НВОи од Македонија, главени одговорен уредник на ТВ- А1 Ацо Кабранов, главен и одговорен уредник на дневниот Весник “Вест”Горан Михајловски, d-r Благоја Самакоски, новинари од Прилеп, претставници на политички партии и претставници на ФИООМ.

Резултати на проектот
Демистификација на Рамковниот Договор, актерите во него и жигосување на социопатологијата во врска со РД. Промоција на методот “Role Play” и “Fish bowl” како вид граѓански одговор.

Партнер за имплементирање
АЖ “Логос”, десет НВОи од Македонија