|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Женска прошетка во два правци – истовремено

Донатор: ФИООМ
Датум на започнување/завршување: 15.01.2004 - 15.06.2004

Цели на проектот
Подигање на капацитетот за застапување на правата на жените на НВ Организацијата Асоцијација на жени „Логос”, со проширување на организационата структура во 5 прилепски села. Едукација на идните членки на „Логос” за родов пристап во политиката. Градење капацитет за поправање на положбата на жените во неколку прилепски села.

Целна група
Жени и девојки од 5 прилепски села, менаџментот и членството на „Логос”,

Резултати на проектот
Предвидени резултати: едуцирана целна група, развој на родова обука за средини со низок социо – културен стандард, дисеминација на обука. Прераснување на „Логос” во регионална организација, нејзино организациско и институционално зајакнување, зајакнување за застапување во политиката за поголема вклученост на жените.

Партнер за имплементирање
АГТИС; Локална самоуправа - Прилеп, Форум на албанска жена - Тетово

Проектна документација
Публикација „Родово сензитивен пристап во средини со низок социо – културен стандард”.