|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Од пајажина исткаена свила (ОПИС)

Донатор: ЕЦФ и Екумест
Датум на започнување/завршување: 15.11.2002 - 01.05.2003

Резиме
Придонес кон процесот на децентрализација во сферата на културата во Р. Македонија преку креирање муниципални планови за културен развој, организирјќи серија работилници за креирање на неформална структура на независни културни творци НКТ и отпочнување социјален дијалог со Владата, преку примена на методот на координарње на различните интереси и серија интервјуа, анкети и работилници за добивање синхрон и дијахрон пресек на состојбата во културата на национално ниво и сензибилизирање на Локалната Самоуправа за придобивките на општината од планираниот пристап кон културен развој во процеси на децентрализација што и претстојат на Р. Македонија. Проектните придобивки се отпечатени во англиско македонска публкација. 

Цели на проектот
Поттикнување мотивираност за организирање на независните културни творци и почеток на социјален дијалог со владата. Пласирање на методологиите за Пазар на културни аутпути, дотиран Пазар на културни аутпути, индустрии на културата и методот на координирање на различни интереси преку муниципалните планови за развој.

Целна група
Независни културни творци, ЛС, Министерство за култура, етаблирани културни институции, менаџери и оператори во културата, успешни културни творци и менаџери во културата.

Активности
Четири типови анкети со: независни културни творци НКТ, со вработените во етаблираните културни институции ВЕКИ, со претставниците на централните културни институции и претставниците на централната и локалната власт; Поголеми рабтилници: И јас сум еден од НКТ, Што дознавме и што треба да направиме ВЕКИ, Поглед во огледало, Обратна перспектива, Централна работилница Агора на културата, интервјуа со претставници на извршната власт, менаџери на централните и локални културни институции, идеолози - креатори на културна политика, подготовка, печатење, промоција и дистрибуирање на публикацијата Од Пајажина исткаена свила, подготовка и модерирање на веб страна www.wws.org.mk.

Резултати на проектот
Поттикната свесност за организирање на независните културни творци (НКТ), поттикната е свесноста за постоењето на Независен културен сектор, покажана е општествена грижа за овој сектор, утврдени се потребите на НКТ, презентирани се драфт верзии на приоритети на НКТ, потенцирани се насоките (препораки) наменети за Министерството за култура околу идните насоки на регулирање на овој сектор. Сензибилизирана е ЛС за сето ова и добиена согласност за идна соработка.

Инволвирани личности во имплементацијата
Г-ѓа Мелпомени Корнети–заменик министер за Култура, д-р Елеонора Петрова – Митевска, шеф на делегација на советот за Европа – актуелен пратеник во Собранието на Р. Македонија, г. Гоце Божурски советник во Министерството за култура, г. Сашо Пирганоски – градоначалник на СО-Прилеп, г-ѓа Габриела Николоска – советник за култура на градоналчалникот на СО Прилеп, г. Бојан Иванов директор на Музеј на Македонија–Скопје, г. Јован Ристов директор на Републички Завод за заштита на спомениците на културата на Македонија, г. Благоја Ристески Платнар – директор на Дом на културата -Прилеп, г. Љупчо Георгиевски дирецтор на Народен театар Битола, г. Благоја Спиркоски Џумерко-актер, г. Владимир Јачев, актер, г. Богдан Грабулоски – скулптор, г. Кирил Ристовски – актер, г. Рубин Белчески директор на Завод и Музеј – Прилеп, г. Стојан Дамчески директор на Народен театар Војдан Чернодрински Прилеп, г. Валентин Соклевски директор Завод Музеј и Галерија Битола, г. Драган Најденовски претседател на друштвото на ликовни уметници Битола, г. Иво Јанковски – продукција ,,Трето уво”, г. Маријан Катароски – Меѓународен фестивал Ѕвездички, г. Јован Цицимов – директор на меѓународен карневал – Струмица.

Партнер за имплементирање
Локална самоуправа – Прилеп, Завод и Музеј – Прилеп, Дом на културата “Марко Цепенков”, ЦСЛУ, ЈНУ Институт за старословенска култура, Независни културни творци

Проектна документација
Сите потребни информации на: www.agtisactac.org.mk; Публикација: “Од пајажина исткаена свила”

Јавност и презентација:
Учесници во централните работилници: културни дејци, културни менаџери, независни културни творци (120 лица); ЦПРТВ – Прилеп, централно информативна емисија “Спектар”; ЦПРТВ – Прилеп, ТВ рапорт од работилницата “Агора на културата”; ТВ А1, претпладневна програма – “Хоризонти”; споменати работилници; дописни и интернет кампањи; веб страница www.wws.org.mk; брошура со резултати од проектот “Од пајажина исткаена свила”.