|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Излет во градското двориште

Донатор: РЕЦ
Датум на започнување/завршување: 01.10.2002 - 27.08.2003

Цели на проектот
Придонес кон одржливо решавање на проблемите со загадување на градските излетнички места. Пласирање на методологијата на одржливост преку еко – деловни проекти базирани на концесии за менаџирање со градските излетнички места

Целна група
ЛС, ЈКП, други локални институции, иматели на земјишта во реоните на градските излетнички места, туристички агенции, деловни луѓе, НВО – и со еколошка мисија, планери на локален економски развој, научно - деловни институции

Резултати на проектот
Промовиран е методот на еко – деловност, одржливост низ кроссекторско решавање на проблемите, партиципативност и стратешко планирање. Формирани се тела за таа намена, кои ги одразуваат еколошките интереси, општите градски интереси, интересите на деловните и други групи (Бордови). Постигнато е партиципирање на ЛС, ЈКП, деловни фирми и агенции, ресорните министерства за оваа намена.

Проектна документација
Учебник за еко - деловност; Постери, лифлети