|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Низ срцето на ЗЛС (Законот за локална самоуправа)

    

Донатор: ФИООМ

Датум на започнување/завршување: 10.10.2002 - 01.06.2003
Цели на проектот
Поддршка на Владата на РМ, ЗЕЛС и ЛГРП околу Законот за финансирање на општините, помош на Комисијата за изготвување на тој закон. Промовирање на методот на јавна расправа пред фазата на изготовка на првата верзија на закон (пред јавната расправа).

Целна група
Парламент на РМ, Министерство за финансии и ЛС, градоначалници и стручни лица во локалните самоуправи, стручна и научна јавност, легислатори, НВО – и, заинтересирана јавност

Активности
Анкетирање на градоначалници, пратеници и стручни лица во врска со нивните видувања за можните насоки на Законот за финансирање на општините и преточување на резултатите од анкетата во презентација, Формирање Редакциски одбор и негова работа, Браин сторминг сесии за осмислување визуелна идентификација на проектот, Веб поддршка на проектот и негово модерирање со содржини од овој проект (ќе се користи постоечката веб страна од проектот:”Секој дом свој паричник), Припрема и печатење на пропаганден и репрезентативен материјал, Кампања за обезбедување учество на политичките партии и претставници на Локални самоуправи (Градоначалници), Кампања за обезбедување учество на пратеници  и владини претставници, Уредување на брошура, Е-маил мост: Агора на политичката волја за децентрализација во Македонија, Трибини во Општините: Прилеп, Карпош, Зелениково (најверојатно и во Сарај и Тетово, но не можеме да ги пријавиме како сигурни во овој момент), Припрема и печатење Билтен со трудови и мислења искажани во рамките на проектот, Промоција, прес конференција и  дистрибуција на билтен

Учесници во проектот
Градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски, д-р Илија Тодоровски Институт за Социолошко политички истражувања-Скопје, Каролина Шукуроска – советник на градоначалникот на општина Прилеп, д-р Зоран Шапуриќ-пратеник, Љупчо Димов – градоначалник на општина Кисела Вода, Душица Перишќ – извршен директор,  м-р Зоран Васковски- директор на дирекција, Бранимир Гогиров, Имер Селмани – градоначалник на општина Сарај, Аце Коцески –градоначалник на Велес, д-р Илија Тодоровски, Институт за социологија, д-р Тале Герамитчиоски пратеник, Борче Ристески – претседавач на локален парламент, Илија Костоски, финансов директор – Прилеп, Слободан Беличански судија во Основен суд Прилеп, д-р Сашо Пирганоски – градоначалник на општина Прилеп

Резултати на проектот
Поддржан е процесот на вообличување на Законот за финансирање на општините преку научни трудови, искуства, согледувања на градоначалници, вработени во ЛС, преку мислења на стручни лица, остручени и професионални невладини организации, отворени се многу прашања околу овој закон, дадени се препораки, мислења и насоки за изгледот на законот

Партнер за имплементирање
Градоначалници на Кисела Вода, Сарај и Прилеп, Форум на албанска жена, Младински совет – Прилеп, Комисија за политички и правен систем на Парламентот на РМ, Институт за социолошко правни и политички истражувања.

Проектна документација
Публикација: “Фисксална децентрализација во Македонија”