|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Обука на новинари за маркетинг на културен производ

Донатор -  Министерство за култура
Датум на започнување/завршување 01.06.2004- 01.12.2004

Резиме
Подигање на капацитетот на медиумите за развој на културниот туризам преку серија едукативни сесии и ТВ пренос на централната сесија Тотален медиски настап, подобрување на меѓуинституционалната соработка и креирање цд презентација за дисеминација на моделот на работа.

Цели на проектот
Припрема на новинари и новински куќи за заедничка работа со институциите и актерите од областа на културата за културен туризам и сите компатибилни форми на туристичка експлоатација на природното и културно наследство.

Целна група
Новинари, вработени во етаблираните културни институции, независни културни творци, маркетиншки и продукциски куши, туристички агенции.

Активности
Стручна работилница за еџ анте евалуација на проектот и креирање планови за имплементација, Креирање на обуки, вежби и осмислување на тренинг сесии, Веб страница, Припрема на едукативен, сензибилизационен и пропаганден материјал, Дописна, веб, е-маил и лифлет кампања за сензибилизација на целната група, Работилници за припрема на едукатори и консултантски корекции, Едукација на целната група, Тренинг на целната група, “Тотален медиски настап” - Припрема и симултана медиска презентација на еден културен производ (која е во организација на една етаблирана културна институција), Креирање на веб страница за дисеминација на информации, рекламирање на веб страницата, дописи за дисеминација на информации, Креирање на ЦД презентација на моделот на работа и псотигнувањата на проетот наменето за дисеминација на информации, за користење од страна на Институциите од областа на културата и централните власти во културата, Серија интервјуи и прес конференции во медиумите за дисеминација на информации; њњњ.њњс.орг.мк

Резултати на проектот
Предвидени резултати: Подигнување на капацитетот за културен туризам и пристап до целните групи.

Партнер за имплементирање
Центар за култура, Завод и Музеј, ЦПРТВ, МРТВ, Креативен културен борд на Прилеп