|  Асоцијација за Граѓанска Толеранција И Соработка - NGO in special consultative status with the ECOSOC of the UN

Видете се со наши очи

Донатор - БТД
Датум на започнување/завршување. 01.12.2008-30.01.2009

Партнерска организација - МКЦ - Битола
Резиме
Проектот предвидува формирање на школа за едукација на НВОи и за креативен мониторинг на тековните реформи; Едукацијата на 15 НВОи ќе биде идната поддршка проектот, организирањето на Role play натправари, коишто ќе бидат директно пренесувани од национален ТВ концесионер, активности за одржливост на манифестацијата – натпреварот, со потпишување договор со национален концесионер и традиционално одржување на годишен натправар ,,Видете се со наши очи”  -Role play перформанси.
Генерален опис на проблемот
Слаба граѓанска инволвираност и влијание во/врз процесите на реформи кај нас и слаба позиција на неполитичките (лидери на мислење, лидери на експертско мислење, НВО – и, Универзитети, експертски организации, синдикати, комори…) – спрема политичките актери и фактори во тие процеси.
Цел на проектот
Придонес кон  инволвирање на неполитичките фактори (целните групи) во процесите на реформи и значајно подобрување на видливоста на тие напори
Ситуациона анализа
Капацитетот на НВО – ите (и другите актери на граѓанскиот невладин живот) да обезбедат вистинско и правовремено учество во владините реформски проекти. Тоа е зајакнато со малкуте НВО и универзитетски проекти, кои се насочени кон асистенција и мониторинг на реформите, но исто така и со недостатокот на дијалог помеѓу владата, опозицијата, Парламентот, НВО - животот и  универзитетите.
Граѓанските практики, односно методологија на ова поле е скоро неразвиена.
Граѓаните се растргнати помеѓу силните медиски кампањи на владата и опозицијата, така што другите неполитички структури “го губат здивот” и својата гласност, како и својата улога да бидат коректори на властите и лидери на мислење
Ние сметаме дека ова се случува заради силниот дисбаланс на неполитичките фактори – спрема политичките, кои, во оваа “трка”, ја губат силата и својата ВИДЛИВОСТ.

ТВ емитувања и рапорти: ТВ Канал Визија, Вести – Известување од прес-конференција, 13.08.2008; ТВ Орбис Вести – Известување од прес, 13.08.2008; ТВ Тера, Вести – Известување од прес, 13.08.2008; ТВ Тера, Вести актуел - за целите на проектот и целосно прикажување на перформансата „Имотен лист кај госпо”, 19.08.2008; МТВ, Вести – Учеството на НВО секторот во мониторинг на реформи, 20.08.2009; МТВ –Утринска програма, Објаснување на технологии за учество со прикажување на перформансата „Имотен лист кај госпо”, 17.09.2008; ТВ Сител–Утринска програма, Колку и како може НВО секторот да и бидеод помош на владата и прикажување на перформансата „Имотен лист кај госпо”, 19.09.2008.

Радио емитувања: Канал 77, Владата е пребрза за НВО секторот , http://www.kanal77.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=6080, 14.08.2008;

Македонско радио, Известување од прес конференција, 13.08.2008; Македонско радио, Како да учествуваат граѓаните во процесот на носење одлуки, 11.09.2008

________________________________________

На 24.10.2008 (петок), во просториите на хотел “Сонце-ГА”- Прилеп, со почеток во 10:00 часот, се одржа еднодневна Обука за Креативен мониторинг на реформите беше организирана обука на тема: “Креативен мониторинг на реформите”, На обуката присуствуваа членови од невладини организации од Р. Македонија.

Своите содржини ги презентираа:

Сузана Никодијевиќ Филиповска од Генералниот Секретаријат – Сектор за анализа на политики – Скопје - “Креирање политики”, Есма Адиловиќ од Генералниот Секретаријат- Одделение за соработка со невладини организации-Скопје - “Учеството на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики”;

Александар Цветкоски –АГТИС –Прилеп - “Видливост и разбирливост на застапувањето”

На 13.08.2008 (среда) се одржа прес конференција во просториите на Центарот за подршка на НВО – Прилеп со почеток во 10.оо часот.

На прес конференцијата беа презентирани резултатите од анкетата „Инволвираноста на НВО-ите во Владините реформски процеси“

и перформансата -  Имотен лист кај Господ 
Проектни производи - перформанси