Предизборен месец на златните рипки (Демократија и демокритија)

Имплементирани

Донатор: ФИООМ
Датум на започнување/завршување: 01.12.2005 – 01.08.2006

Резиме
Имплементацијата на проектот даде свој придонес во демистификација и деконтаминација на политичките изборни кампањи, преку организирањето и реализацијата на ТВ емисиите: ,,Спин доктор” (,,матрица” за политичка програма), Реформи и континуитет, Опции или кадровски групи, Триаголник на грешка, емитувани на национален ТВ концесионер, како и преку веб “прирачник” за пристап до целни групи во политиката и сетирање на повеќе видови политички кампањи и влијание пеку постер кампања. Проектните резултати ја намалија националистичка, милитантна и ксенофобична базираност на кампањи од политичките партии; понудија можност за контрола на (подоцнежно) владеење преку споредба на изборни ветувања и потези, кои идната влада ќе ги влече; Легитимација на политички програми како јавни акти, кои обврзуваат; стимулираа внатре партиска позитивна селекција, го подобрија капацитетот на граѓанскиот живот за мониторинг на владеењето; придонесоа во креирањето непопулистички визии за Македонија, кон меритокритичност на владеењето;

Цели на проектот
Придонес кон демистификација и деконтаминација на политичките изборни кампањи и (посебно) изборни програми на политичките партии од популизам.

Целна група
Политички партии, пред се раководствата, портпароли и задолжени за водење и осмислување на изборни кампањи; Експерти од областа на демократијата изборното право и аналитичари на политички живот; Креатори на јавно мислење, медиуми, НВО – и со мисија во политиката, Пратеници од Парламентарни комисии.

Активности
ТВ емисии за сензибилизација на политичките партии за идеите на проектот, ТВ емисија со експерти: ,,Спин доктор” (,,матрица” за политичка програма); ТВ емисија со политички и технички планери на реформите кај нас: ,,Реформи и континуитет” ТВ емисија со политичари: ,,Опции или кадровски групи”; ТВ емисија ,,Триаголник на грешка” (сублимирање на ставови од сите емисии); Прибирање фит – бек од емисиите (Еџ анте евалуација); Модерирање на веб страница: веб и е-маил кампања и едукација за мотивирање на НВО – ите и НВО мрежите за мониторинг на изборните програми, во деловите – каде се протега нивната мисија; веб “прирачник” за пристап до целни групи во политиката и сетирање на повеќе видови политички кампањи – наменети за различни целни групи; Постер кампања за институции, политички партии, НВО – и; њњњ.стиснизелба.орг.мк

Учесници во проектот
Високи претставници на политички партии: Лилјана Поповска – ДОМ; Трајко Славески – ВМРО; Јани Макрадули-СДСМ; Андреј Жерновски-ЛДП; Рафиз Алити-ДУИ; Имер Селмани – ДПА; Веле Митановски-НСДП; Коле Часуле- ВМРО-НП; Благојче Гешоски-СДСМ; Сашо Богданоски – ДОМ; Блаже Стојаноски ВМРО; Влатко Атанасоски – ВМРО

Резултати на проектот
Намалување на користењето популизам во изборните кампањи, придонес кон достоинственост на кампањите; Подобрено фокусирање на конкретни изборни ветувања и подобрени партиски изборни програми и мерливи ветувања; Намалување на националистичка, милитантна и ксенофобична базираност на кампањи на политичките партии; Повишување на нивото на знаења за суштината на изборните понуди, самите избори и демократијата како систем; Можност за контрола на (подоцнежно) владеење преку споредба на изборни ветувања и потези, кои идната влада ќе ги влече; Легитимација на политички програми како јавни акти, кои обврзуваат; Стимулирање позитивна селекција внатре во партиите; Сензибилизација за идејата за градење внатрепартиски капацитет за добро владеење; Подобрен капацитет на граѓанскиот живот за мониторинг на владеењето; Придонес кон менувањето на очекувањата на граѓаните од програмите на политичките партии; Придонес кон креирање непопулистички визии за Македонија; Придонес кон меритокритичност на владеењето; Придонес кон повишувањето на нивото на политичка култура на сите нивоа

Публикација