Донатор: National Endowment for Democracy
Датум на започнување/завршување: Октомври 2009 – Септември 2010
Проектот е дизајниран за да даде значаен допринос кон национален консензус за фактичко и практично достигнување на уставното право на слобода на говор и јавно изразување, слобода на здружување и јавно собирање, како и допринос кон јавното разбирање на тоа право, дијапазонот на нарушување на тоа право и заштитата на тоа право, кое е досега беше доста нарушувано од страна на властите, а зајакнато во последно време. ПРОЕКТНИ ЦЕЛИ: Генералната цел на овој проект е да даде јавна поддршка на реформите кои што се потребни да ја трансформираат Македонија во самостојна демократска држава. Посебна цел на проектот е: Промовирање на демократски вредности и охрабрување на јавна дебата во врска со демократските процеси.
ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ:
АГТИС со поддршката од НЕД ќе произведе серија на телевизиски и радио програми со цел промовирање на демократските вредности и охрабрување на јавна дебата во врска со демократскиот напредок на Македонија. Проектни производи на овој проект ќе бидат: ТВ пародија која што ќе ги истражува пречките во демократијата, натпис во весник, телевизиска дебата со експерти за демократија за состојбата на демократијата во земјата и граѓанска едукативна радио програма за промоција на демократксите вредности и слободата на говор. Нашето досегашно искуство покажало дека електорнските медиуми, посебно телевизијата, играат значајна улога во формирањето и влијаењето врз мислењата и ставовите на јавноста. За време на нашето десет-годишно постоење, нашата организација често го користеше методот на телевизиско и радио промовирање на демоктарските стандарди на политичката култура, владеење на правото и слобода на говор. Овој проект е дизајниран да им обезбеди на просечните граѓани можност да научат повеќе за состојбата на демократијата на еден уникатен начин и да ги препознаваат главните виновници за одолговлечените демократски реформи. Со примена на хумор и сатира, ќе се обидеме да допреме до обичниот граѓанин и да го охрабриме на конструктивна дебата во однос на демократскиот напредок во Македонија. ТВ пефрормансите на АГТИС под името “Видете се со наши очи” беа проектен прозизвод на пилот проектот во 2008 со поддршката од Balkan Trust for Democracy. Барајќи искрени мислења на сензитивни политички теми, проектот за краток временски период постигна огромен успех помеѓу гледачите, но се соочи со потешкотијата да привлече експерти кои не се плашеа од идеата да го искажат своето мислење. Со поддршката од НЕД, програмата ќе продолжи со незначително изменет формат, произведувајќи една сатирична телевизиска емисија, телевизиска дебата и граѓанска едукативна радио емисија. Пред започнувањето на проектот, АГТИС ќе организира промотивна прес конференција и ќе спроведе разбирлива, јавна анкета на национално ниво, за прибирање на информации за постоечкото ниво на знаење за демократија, владеење на правото и човековите права, исто така и за механизмите за нивно промовирање. Резултатите од анкетата ќе бидат презентирани преку медиска кампања, со вклучени ТВ појавувања, прес конференција, on-line презентација (со резултати на македонски, албански и англиски јазик), е-меил кампања и написи во весници. Резултатите од анкетата исто така ќе се искористат во дизајнирањето на ТВ пародијата: “Случајот на силуваната демократија”. Иницијално, презентацијата ќе биде во форма на “крим репортажа”, каде ке биде представен случајот на личност (олицетворение на демократијата), која што била нападната, силувана и оставена во кома. За време на пародијата, главниот инспектор ќе се сретне со разни сомнителни “силуватели” кои што можеби ја нападнале “демократијата” во Македонија, но и со разни законски решенија, кои сакаме да ги пласираме пред граѓанството – во форма која нема да ја заборават. Во склоп на ова, ќе спроведеме широка медиска кампања за промоција на пародијата и брендирање на карактерот на инспекторот, како главна улога во потрагата да ја спаси демократијата низ информирање, слобода на говор, транспарентност и одговорност. Инспекторот ќе биде често присутен во ТВ и електронските медиуми. Пародијата ќе се емитува на Национален концесионер и ќе биде поставена на нашата веб страна со албански и англиски превод. Веб страната ќе биде отворена за коментари и дискусии од страна на гледачите. Исто така, емисијата ќе биде проследена со сатиричен натпис во Национален печатен дневен весник. Користејќи еден поконвенционален пристап за промовирање на демократски вредности, ќе биде направена ТВ емисија со интервјуа и дебати на експерти за демократија и претставници од политички партии. Учесниците отворено ќе зборуваат за своите ставови во врска со моменталната состојба на демократијата кај нас, и главните предизвици и пречки на кои таа наидува, со посебен фокус на делот од човековите права и слободи. Покрај тоа, со помош на граѓанската едукативна радио емисија, ќе се обидеме да обезбедиме повеќе информации и простор за дискусија за основните начела на демократијата како слобода на говор, слобода на слободно собирање и слобода за петиција до владата. На крајот од проектот, ке се изврши финална анкета за споредба на нивото на знаење за демократијата, со она пред почетокот на проектот. Резултатите од финалната анкета ќе ги презентира во медиумите испекторот, кој ќе биде сеуште на својата задача да ја оживее демократијата. Сите проектни производи на АГТИС во рамките на проектот ќе бидат достапни за јавноста на нашата веб страна. Фотографии од проектните активности
________________________________________
Филмот – СЛУЧАЈОТ НА СИЛУВАНАТА ДЕМОКРАТИЈА е во три дела и може да се виде и на следните линкови 1 дел – http://www.youtube.com/agtis#p/u/8/_I8Ltsd4YRM 2 дел – http://www.youtube.com/agtis#p/u/7/Yk6Dqrwb0e0 3 дел – http://www.youtube.com/agtis#p/u/6/Zhqml7EMRyc
Филм – СЛУЧАЈОТ НА СИЛУВАНАТА ДЕМОКРАТИЈА
Долгата верзија на филмот е во три дела, може да се виде на следните линкови
1 дел – Случајот на силуваната демократија
2 дел – Случајот на силуваната демократија
3 дел – Случајот на силуваната демократија
________________________________________
Кратка верзија на перформансата – СЛУЧАЈОТ НА СИЛУВАНАТА ДЕМОКРАТИЈА
________________________________________
Во период од 01.11.2009 -17.11.2009 година, спроведена беше анкета за ставовите на граѓаните на Македонија во врска со правото на слободно изразување и слободно собирање. Резултати од иницијалната анкета Финалната (споредбена анкета) за ставовите на граѓаните на Македонија во врска со правото на слободно изразување и слободно собирање, се спроведуваше од 19.08.2010 до 05.09.2010 година. Резултатите со анализата од финална анкета
________________________________________
ТВ Емитувања и Рапорти:ТВ емисии: МТВ, Утринска емисија 29.12.2009; ТВ Сител, Утринска емисија 29.12.2009 ТВ Алсат, Вести ТВ Тера, Актуел –Дали е загрозено правото на слободното изразување, ТВ Сител, Вести ТВ Канал 5, Вести ТВ АБ, Веси 12.01.2010 ТВ Тера, Актуел – интервју со Проф. д-р Билјана Ванковска http://www.youtube.com/watch?v=MiF2Qqm76fw, 13.04.2010/ 14.04.2010 ТВ Тера, Аклтуел – интервју со м-р Гордан Георгиев ТВ Тера, Аклтуел – интервју со Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска – – 15.04.2010 ТВ Тера, Аклтуел – интервју со Министерот за правда Михајло Маневски – http://www.youtube.com/agtis#p/u/7/Q690wKBfqkI – 16.04.2010 > ТВ Тера, Аклтуел – интервју со Александар Цветкоски 22.04.2010 ТВ Тера, Аклтуел – интервју со Александар Кржаловски – http://www.youtube.com/v/nu-OApvPDPg?f=user_uploads&app=youtube_gdata&autoplay=1 – 23.04.2010 ТВ Тера, Аклтуел – гостин во вестите Александар Цветкоски – – 13.09.2010 ТВ Алфа, веси, – 29.09.2010ТВ Телма, веси,, http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=3315;- 29.09.2010 МИА, 29.09.2010