Светската здравствена организација СЗО предупредува дека „троловите и теоретичарите на заговори“ ги разнишуваат напорите во борбата против коронавирусот.
Генералниот директор на СЗО д-р Тедрос Аданом (Dr Tedros Adhanom Ghebreyesus) кажува дека,
„ние во СЗО се бориме не само со вирусот, туку и со тролови и теоретичари на заговори Дезинформациите за коронавирусот би можеле да бидат најзаразна работа во врска со вирусот“.
Директорот продолжува,
„исто така би сакал да зборувам и за важноста на фактите, а не за стравот. Луѓето треба да имаат пристап до точни информации за да се заштитат себе си и другите“.
(Линк до изјава – https://www.scmp.com/lifestyle/article/3077324/10-ways-spot-fake-news-about-coronavirus-pandemic-you-spread-it)
Во екот на коронавирус пандемија, се чини дека се бориме и со пандемија на лажни вести, и како што тврди Адам Кучарски, епидемиолог и автор на „Правила на заразата – Зошто се рашири – Зошто запре“,
„најдобриот начин за борба против лагите околу вирусот е да се третираат како вистински вирус“.
Тој го поистоветува просечниот број на „заразени луѓе“ од лажни вести со бројот на просечни заразени луѓе од коронавирусот. Потполно се согласуваме со неговото тврдење дека имаме работа со уште еден вирус, кој и те како може да биде опасен бидејќи изложува голем број на луѓе на штетни содржини.
Бројот на заболени од коронавирус расте ширум светот, а лек сѐ уште нема. Ова се дел од најраспространетите непроверени здравствени совети што се споделуваат со голема брзина.
Пример 1: МОРСКА СОЛ
Деновиве кружи видео од извесна Aneta LaMadrina Krstovic(Anči) (Линк до Фб профил – https://www.facebook.com/LaMadrinaAK47?epa=SEARCH_BOX).
Забелешка – доколку профилот биде избришан во продолжение, скриншот од профилот.
Во видеото, Aneta LaMadrina Krstovic(Anči) тврди дека во Перу, наводно, го нашле лекот против коронавирусот. Таа објаснува дека таа има врски во Јужна Америка и дека добила линк од видео кој стигнал од Перу. Во тоа видео, таа продолжува дека лекот,
„го имаме сите дома, а тоа е морска сол“.
Понатаму таа ја објаснува постапката дека треба со мала кафена лажичка да се земе сол, да се излиже и да се шмука во устата, и тоа со малку топла вода.
Линк до видеото –https://www.facebook.com/LaMadrinaAK47/videos/10163900341985393/UzpfSTEwMDAwMTU4OTExMjQ3NDozMDMzMTM5MzUwMDgyMzM5/?q=aneta%20la%20madrina%20krstovic&epa=SEARCH_BOX.
Забелешка – доколку видеото биде избришано, во продолжение, скриншот од видеото.
Видеото достигнало 4400 допаѓања и 13000 споделувања!
Во 1 часот по полноќ, на профилот е споделено уште едно видео, извор видео од Перу, каде што се појавува човек кој што ја објаснува постапката со морска сол и бара од властите да одговорат и да огласат за веста.
Линк до видеото –
https://www.facebook.com/LaMadrinaAK47/videos/10163901890490393/ h
Забелешка – доколку видеото биде избришано, во продолжение, скриншот од видеото.
СЗО објави дека има заблуди во секоја земја и дека научниците сè уште не идентификувале како дури и хидроксихлорокинот помага во елиминирање на коронавирусот.
Пример 2 – ЛУК против Корона
Под мотото „Разбивач на митови“ (Myth Бusters) на веб-страницата на СЗО, меѓу другото, се укажува дека лукот не штити од инфекција со корона вирусот.
Иако, добар е советот дека ќе ве заштити од физички контакт, нели? 😊
Пример 3 – Вода на секои 15 минути
Водата наводно испира каков било вирус од устата. Меѓутоа, научниците тврдат дека вирусот од воздухот влегува во телото преку респираторниот тркат. Дел од нив може да влезат преку устата, меѓутоа земањето вода нема да спречи некој да се зарази. Сепак, пиењето вода генерално е добар медицински совет.
Како да се пристапи на погоре споменатите изјави и видеа?
1. Проверете од КОГО е објавена информацијата
Дали се верификувани корисници на Твитер или Фејсбук? Тоа дава поголем кредибилитет на она што e споделено. Ако не се проверени, направете повеќе проверки. Дали профилот е лажен?
Збележувате дека профилот нема никакви податоци кои би можеле да го поткрепат тврдењето за веродостојно известување за здравствени информации. Госпоѓата тврди дека имала врски во Јужна Америка.
Вујче од Америка? 😊
2. Проверете ја фотографијата на профилот
Дали се чини дека е вистинска личност, или е фотографија на славна личност или нешто генеричко, како зајдисонце или цвет? Може да користите обратно пребарување на Google Image за да видите дали фотографијата е направена од друго место на Интернет.
3. Проверете колку пријатели или следбеници има профилот
Сосема нов профил со 9 следбеници веројатно нема да биде оној што ќе ги објави главните национални вести. Погледнете постари написи – дали профилот има некакви врски со официјални извори кои би поддржале веродостојни написи.
4. Забележете на кој начин е презентирана веста
Дали е твит од „поштарот Миле“? Дали има врска до подолга приказна некаде? Не паѓајте на сомнителни скриншотови од мејлови, СМСови, Вибер пораки итн.
5. Потврдете ја страницата од каде доаѓаат информациите
Ако има линковска врска, кликнете на неа. Дали оди таму каде што очекувавте да оди? Проверете го URL-то. Дали навистина сте на страницата на која мислите дека сте вклучени или нешто изгледа не е во ред? Малку е веројатно дека веб-страницата за која никогаш не сте слушнале ќе биде првиот и единствен извор за големи вести, посебно за вакви глобални предизвици.
6. Проверете го името на профилот
Дали е тоа вистинско име? Кликнете на страницата за биографија – дали звучи реално? Дали авторот има врски на социјалните мрежи каде може да потврди дека тој или таа е вистински репортер? Ова е уште една можност да се користи обратно пребарување на Google Image ако има фотографија.
7. Потврдете ги самите информации
Најдобар начин да се провери дел од информациите е да се види дали официјалните медиуми известиле за тоа. Како медиумски организации, тие имаат одговорност за да проверат темелно пред да се сподели информацијата. Поголема е веројатноста дека објава од официјален медиум со уреднички тим и редакција ќе биде поверодостоен од објава на сосема случајно лице кое нема одговорност кон никого.
8. Внимавајте на збороред и правопис
Дали објавата ви се чини како да е превод од Google Translate? Ова е честа практика на веб-страниците за лажни вести да соберат написи од разни видови на страници, да направат поврзување кое ќе нема смисла.
9. Верувајте му на инстинктот
Ако има некој внатрешен глас, кој ви вели: „Хм, па не сум целосно сигурен дека ова е точно“ или „Леле, тоа звучи лудо, но којзнае?“, подобро е да проверите пред да го споделите тоа.
10. Мијте раце и информирајте се само од официјални извори
Во овој момент е потребна внимателна подготовка, која се потпира на научни податоци. Ширењето дезинформации во време на здравствена криза ги прави луѓето незаштитени и поподложни на болеста, дополнително ширејќи параноја, страв и стигматизација.
Следете официјални извори на информации:
Министерство за здравство –
http://zdravstvo.gov.mk/
Светска Здравствена Организација –
https://www.who.int/?fbclid=IwAR0EcSVJpmWyrrSuCbturJhQvSzx83f3sBn4n9Z2Rm_5EVKU6L_Y00WFFjI
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуват и шират непроверени односно „лажни“ вести околу вирусот Ковид 19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести. Апелираме до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции. За сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот.
Компанијата Фејсбук бесплатно ќе објавува реклами СЗО, најави основачот и сопственик на компанијата, Марк Зукерберг.
„Ќе и дадеме на СЗО рекламен простор колку што и е потребен, заедно со друга корисна поддршка“, истакна Зукерберг.
На корисниците кои ќе пребаруваат постови за вирусот ќе им излегуваат поп-ап информации кои ќе ги водат до сајтот на СЗО или локалните здравствени организации со најнови вести и совети, нагласи основачот на Фејсбук, додавајќи дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор, со цел да се спречи ширењето на дезинформации.
Линк до објавата – https://www.facebook.com/4/posts/i-wanted-to-share-an-update-on-the-steps-were-taking-to-respond-to-the-coronavir/10111615249124441/
You must be logged in to post a comment.