ПРОМОВИРАЊЕ НА АКТИВНО МЛАДИНСКО УЧЕСТВО НА ЛОКАЛНО НИВО ПРЕКУ ВОЛОНТИРАЊЕ
Донатор: National Endowment for Democracy
АГТИС во партнерство со Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) и Волонтерските Инфо Точки (ВИТ): Младински образовен форум – Скопје, СППМД – Кавадарци, Младински совет – Охрид, Институт за развој на заедницата – Тетово и Организација на жени на општина Свети Николе, во периодот ноември 2013 до април 2014 ја имплементира петата фаза од проектот „Локален волонтерски сервис“.
Како дел од оваа фаза
Објавуваме повик за пријавување на волонтери за пополнување на 80 волонтерски позиции. Корисници на волонтерските услуги ќе бидат: локалните самоуправи (општинските администрации) правосудните органи (Основни и Апелациони судови, јавни обвинителства), државни агенции на локално ниво и подрачни министерства. Една шестина од волонтерите ќе бидат сместени во граѓански организации кои работат на локално ниво. Потенцијални волонтери во овој проект се граѓаните со посебен акцент на младите невработени лица и студенти. За сите волонтери е обезбеден надоместок за покривање на трошоците за пат и исхрана за период од 3 месеци во износ од 3.100 денари месечно. Волонтирањето бара секојдневен ангажман во работни денови по 4 часа. Почеток на волонтирањето е во текот на месец јануари 2014 година.
Краен рок за пријавување 05 декември 2013 година.
е-меил адресата agtis@t-home.mк