Локален волонтерски сервис – 3

Имплементирани

АГТИС во партнерство со Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) во периодот октомври 2011 до април 2012 ја имплементира третата фаза од проектот „Локален волонтерски сервис“.

Целта на проектот е поддршка на одржлив развој на волонтерството во Македонија преку воведување на волонтерски програми во јавни институции, државни органи, локални самоуправи и НВОи, преку имплементација на Законот за волонтерство на локално ниво. Целна група се млади од 18 – 35 години, локалните заедници каде има волонтерски инфо точки, НВО секторот, јавните институции, локалните самоуправи и државните органи. Активности на проектот се: креирање и функционирање на волонтерска датабаза, потпишување меморандуми за разбирање со институциите/ организациите и креирање на волонтерски позиции, обука, сместување, мониторинг и евалуација на волонтери кои ќе волонтираат по 3 месеци со платен надомест на трошоци за пат и храна, обуки за волонтерски менаџмент на вработените во институциите/организациите и јавна кампања за промоција на локалниот волонтерски сервис.

Проектот ќе се реализира во 7 градови во Република Македонија: Битола, Скопје, Кавадарци, Охрид, Прилеп, Тетово и Свети Николе.

Вкупно ќе бидат сместени 60 волонтери во следните институции: локални самоуправи, судски органи, јавни обвинителства, народен правобранител, подрачни министерства, дравни органи, државни агенции и граѓански организации кои работат на полето на заштита на човекови права и маргинализирани и ранливи групи. Преку оваа иницијатива ќе придонесеме за подобрување на системот за давање на услуги на граѓаните, јавност и транспарентност на институциите, како и за личен развој на вештините на волонтерите.

———————————————————————————————————

Отворен повик за пријавување на волонтери за новиот циклус на Локалниот волонтерски сервис 2011/2012
Волонтерите на возраст меѓу 18-35 години ќе бидат сместени на позиции во општинските администрации, правосудни органи, државни органи и агенции, подрачни министерства и во граѓански организации кои работат на полето на човекови права и со маргинализирани групи.
Волонтирањето не е бесплатна работна сила, туку сила која креира и развива! Биди дел од локалниот волонтерски сервис… Пријави се!
Пријавата можете да ја превземете тука или побарајте ја на agtis@t-home.mк.
Краен рок за пријава понеделник 12 декември 2011 година.