Оваа анкета има за цел да го истражи степенот на користење на достапните е -услуги во ППР, како и ставовите и убедувањата (како општествени вредности и како степенен на нивно практикување) во врска со дигиталната писменост и степенот на родово инволвирање во овие општествени напори, кои се зацртани и во многуте владини програми и стратегии (како степен на успешност на истите на теренот).
Оваа анкета опфати само припаднички на женскиот пол, а таа е дел од проектот со наслов „Е – услугите не го чекаат Годо“, кој е финансиран од ЕИЖ.
Секако, во ставовите за и околу користењето на е – услугите влијаат многу фактори и уште повеќе затекнатите и актуелните (пандемијата, кризни состојби, економска миграција и сл) општествени состојби и навики, па елаборираното прашање за е – услугите не можеме да го одделиме и од состојбата со општото
ИТ знаење, достапноста на интернетот, како и (барем) минималното познавање на граѓанските обврски во врска со плаќањето данок, обврските во врска со Законот за општа управна постапка, односно законите кои бараат граѓаните да бараат и добиваат разни документи, дозволи и други „писмени“, кои им служат во постапките во земјава и во странство.
Анкетата е спорведена во период февруари – март 2022 година во Пелагонискиот плански регион,