Биди Главна

Е-услуга Новости ОТВ

Биди „главна“, но исчисти и зготви, најпрво

И кај општествениот родов консензус има закачка: Барем кај нас, општите мислења на населението за жената како стопанственичка, политичарка, експерт, работничка, се под влијание на традиционалните матрици на размислување, кои се маскулини, односно го поддржуваат поредокот кој „Бог го дал“, во кој мажот е господарот, а жената е негова функција. Жените велат, „прости, но јас не сум ребро“. Функцијата на жената како мајка, како задолжена за средување на куќата и како главна работна сила во полето е под таков силен традициски пресинг. Дури и да работи софистицирани работи, кои носат многу пари, жената (повторно) морала да биде и добра домаќинка, да има зготвено ручек, да ги има средено децата, да…. Сето тоа мажот не мора да го прави и може да тера „кариера“, па било каква да е. За жената, терањето кариера не е најпожелната работа на светот, па се гледа и „домаќинлакот“. За жал и многу жени го поддржуваат ваквиот став и ја одржуваат потчинетоста. Се разбира, која што сака – може, но што ако не сака? Тогаш ја повикуваат традицијата, која кажува „што чини, а што не чини“.

После сето погоре кажано, што се се очекува од жената да сработи, бизнис, дом, деца, плаќање сметки, вадење документ…. а сепак да има време и да биде главна.

Во таа насока жената за да си ги олесни работите, време е да почне да користи е-услуги.