Богатството се чува дома

Имплементирани Проекти

Во период 01.05.2021 до 31.09.2021 година, АГТИС го реализира проектот„ Богатството се чува дома“, финансиски поддржан од Министерство за култура

Цели на проектот: Допринос кон зачувување, презентирање и популаризација на нематеријалното културно наследство и пренесување традиционални знаења и вештини за народно и современо нараторство на помладите генерации;

Презервација на народни приказни, гатанки, кратки говорни максими, модели на традициски говор, преку развој на знаења и вештини за презентација на нематеријалното културно наследство, преку негово внесување во секојдневниот живот

Развој на традициски базирани вештини за креирање финален културен производ

Резултати

Подигната јавната свест на младите за зачувување на недопирливото (нематеријалното) културно наследство и тоа во форма на социјално и духовно богатство;

Подигната јавната свест и на младите и на нивните семејства за корисноста и високиот домет на народниот гениј, кој може да даде одговор дури и на ситуацијата со епидемијата

Подобрена презентациските вербални и невербални вештини кај младите за презентација на духовното културно наследство, кои ќе останат во арсеналот на лични вештини – применливи за целиот живот и во најразлични прилики;

Запознавање на јавноста со „домашните игровни активности“, како традициски одговор на изолацијата во домот

Поттикната свесност кај младите за поимот „културен производ за пазарот или јавноста“, со што би се отворил патот за рабирање на утилитарниот карактер на културата;

Сето ова ќе биде постигнато преку

Креација на обуки, реализација на онлајн обука и испорака на обуките

Производство, снимање и продукција на  финални производи- перформанси од областа на недопирливата култура (бајковни нарации, презентации, кратки перформанси, досетки, народен хумор)

Перформанса – Сотир како Тутанкамон
http://infokompas.com.mk/2021/07/19/%D1%81%D0%BE%D1%82%D0%B8%D1%80-%D0%BA%D0%B0%D0%BA%D0%BE-%D1%82%D1%83%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%D0%BC%D0%BE%D0%BD-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B5%D1%80%D1%84%D0%BE%D1%80/

Перформанса – Домаќините многу недомаќини

Перформанса – Мајчина поука
Перформанса – Sharlatanus domesticus vulgaris

Перформанса – Не сум суеверен

Перформанса – Гатач за ковид

Перформанса – Наместо служба за информации, тука е семејството

Перформанса – Убаво е да се знае што значи нечие име на твојот

јазик