Детски болести на демократијата

Имплементирани

Донатор: National Endowment for Democracy – NED
Времетраење на проектот: Април 2018 – Јуни 2019

Општ преглед на логичка врска (вертикална логика на проектот)

Цел на проектот: Да ја зголеми одговорноста, транспарентноста и реформската насока на владата и локалните самоуправи, напоредно со зајакнување на општите знаења за реформите, нивните причини, актери и „мерење“ на политичката волја.

Преку: Подобрување на реформските процеси, низ нивна мерливост и проценка

Методологија за постигнување на целта: подигање на јавната, експертската и лидерската свест за „Детските болести на демократијата“ и нивно препознавање, што ќе делува на нивото на јавно знаење

Логичен след: Подобрено јавно знаење – Намален простор за политичка манипулација – Зголемен притисок за реформи – Адресирање на неуспесите во реформите – Подобри реформи.

Медиски активности (ТВ емисии и панели, написи, социјални медиуми, анкета за познавање на реформите) за повишување на фронтот на јавни актери, кои можат да ги објаснат и насочат реформите, со поранешни високи функционери и лидери на експертско мислење и со презентација на научени лекции од минатите реформи, кои сега не треба да се повторат.

Резултати: Демистификација на политичка волја и намалување на просторот за „криење“ на опортунистичките политички и криминални причини за лошите резултати, под наметката на грижата за нацијата и „странскиот фактор“.

ПРОИЗВОДИ:

ЗАВРШНА ПЕРФОРМАНСА

АГТИС и Зевзекманија – Реформи не се прават преку ноќ

ЕМИСИИ

КОЛУМНИ

ТВ Експертски презентации

НАПИСИ И ВЕСТ НА ДЕНОТ ЗА ПАНЕЛ
„Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“

НАЈАВА НА ПАНЕЛ
„Реформски бенч-мракови: Дали имаме реформи и зошто не?“

НАПИСИ

ЕМИСИИ И ИСТРАЖУВАЊА

——————————————————————————————————————–

  • Експертски панел: Судбината на реформите во услови на политичка кризa

АГТИС – На панелот беа претставени најважните резултати од анкетата на АГТИС за истражување на ставовите на граѓаните околу реформите и неколку кратки тематски воведи за онгоинг реформите (студии на случаи), проследена со дискусија за повеќе аспекти на реформите кај нас, кои се одвиваат во услови на постојана политичка криза, наплив на политички настани, кои длабоко ја тангираат судбината на земјава и предизвикуваат висок набој кај граѓаните, хранејќи го понатамошното поларизирање по политички преваленци – 30.10.2018

АГТИС – „Колку за информација, во 2002 кога за прв пат е донесен законот за спречување на корупција, ние бевме први во регионот, потоа Словенија го копираше нашиот закон, потоа и други земји, а после тоа, цело време се носеа нови закони усогласени со европското законодавство, додека пак, кај нас се правеа некои „шминки“, а во законот останаа истите критериуми“ – посочува Вања Михајлова, експерт за антикорупција.
„Овој експертски состав не го одразува тој дел од јавноста, и трагедијата е тоа што кога ќе ги погледнете истражувањата на младите генерации, фрапантно е тоа што сите имаме можност да видеме дека 35 годишни луѓе на високи позици масовно се залагаат за ставање на луѓе во ендеци, заглавување на лифтови итн. Колку што имаме проблем со експертскиот и политичкиот дел како се прават реформите, толку имаме проблем со една поширока политичка култура и менталитет“ – потенцира Сашо Орданоски – 29.10.2018

АГТИС – „Во Р. Македонија на сите реформски процеси во правосудството се пристапува неодговорно, генерално, затоа што најпрво не се прават емпириски истражувања на секторот што треба да биде реформиран и наместо тоа, се земаат готови решенија од други држави кои се често пати неприменливи на менталитетот и на средината во која што живееме. Секоја реформа треба да биде ускладена со општествената клима, и затоа, не случајно, и АГТИС ги става реформите во самиот општествен контекст. Сметав дека најбитната работа во реформите е легислативата која ќе биде донесена, но после искуството видов дека проблемот е во имплементацијата. Треба една целокупна општествена реакција во смисла на зголемување на системот на вредности, департизација како предуслов и воведување на критериуми на стручност, компетентност, воведување на етички, морални кодекси во институциите, санкционирање на оние кои што ги прекршуваат тие етички и морални кодекси“ – порачува Саша Ѓорѓевиќ  – 29.10.2018

АГТИС – „Денес добивам силен впечаток дека нашето општество е општество на аматери, базирано на аматеризам, а не на професионализам. Ова е една голема вистина веќе 30 години, а мислам и дека ќе не следи и по зачленувањето на Македонија во ЕУ. Како поинаку да го протолкуваме ова трик прашање на истражувачите, во кое што може да се забележи дека 302, или најголем дел од луѓето, одговориле дека слушнале за планот 3-6-9, а од друга страна, 299 слушнале за работи кои што не постојат. Значи, секаде ние потфрламе да се посветиме вистински на она што е нашата работа, и тоа се огледува и во јавната администрација, и во државните служби, но и во НВО секторот. Ни тука работите не цветаат, затоа што повеќе очекуваме да ни ги сервираат работите на тацна, отколку самите да произведеме нешто што може да биде соодветно применливо и во Р. Македонија“ – вели Никола Дујовски – 29.10.2018

АГТИС – „Колку е вистина она што го кажува Владата, дали ние страдаме од недостаток на политичка волја, или пак страдаме од невештост. Гледаме многу технички работи не функционираат, и затоа сакавме преку овој проект да ги видеме детските болести на демократијата. Затоа и направивме анкета со која сакавме да испитаме дали има некакви нови вредности. Ме радува фактот дека многу од анкетираните (иако имаше и многу одбивања) имаа емотивен пристап на истражувањето. Знаете, вие ги прашувавте граѓаните, но тие не веруваа дека нештото е важно, бидејќи нештото нема да се промени. Сега веруваат, па дури се лутат и се караат со анкетарите. Тоа е еден ангажиран пристап кој го немаше до пред 2 години, и мислам дека нивото на надеж е подигнато кај општата популација“ – кажува Александар Цветкоски – 29.10.2018

АГТИС – „Нашиот Уставен суд не беше вклучен во стратегијата за реформи на правосудниот сектор, прво постоеше, а потоа беше тргнат, јас сфаќам дека тоа е заради специфичната улога и позиција која што Уставниот суд ја има кај нас, дека е независно, посебно тело, од онаа хиерархиска поставеност на другиот судски систем во Р. Македонија, но сепак сеуште сметам дека треба да претрпи сериозни реформски промени. Освен уставните промени, треба да се донесе и нов деловник на Уставниот суд кој ќе биде современ и оперативно многу внимателно и прецизно ќе ги разработи сите оние димензии на работењето на уставниот суд. За жал, тоа не е така денес, деловникот датира од 91 година. Инаку знаеме дека Уставниот суд кај нас е институција со традиција, таа постоеше и во социјалистичко време, преку 50 години постои, но овој деловник врз која што база актуелно Уставниот суд работи е од 91 година“ – кажува Наташа Габер-Дамјановска. – 29.10.2018

АГТИС – Во процес на реформи сме со децении. Не само законите да се реформираат, треба да се реформира начинот на кој тие се применуваат. Како што е берзата показател и на економијата, но и на политиката, показател на успешноста се големите случаи, кои се водат во судовите од страна на СЈО и случајот со 27 – ми Април. Тоа е проверка на успешноста на реформите.
Дали самите судии сакаат да бидат независни. Тоа е тест. Овие случаи се тој тест. Сега се судовите послободни да го „решат тој тест“. И сегашни министри се осомничени лица, па нема да им биде лесно. Кога премиерот говореше за помирување, сите слушнаа „амнестија“, за „помилување“. Тоа би значело дека, ако премиерот сака, тоа ќе се случи, иако тој нема никаква надлежност за тоа. Ако има независно судство, тоа не може лесно да се направи. Треба обвинителот да се повлече од обвиненијата, што не е лесно. Тоа говори за менталитетот, кој е оформен и што очекуваат пратениците, судиите, граѓаните. Тој менталитет може да се смени само ако институциите делуваат спрема своите компетенции. Не зависат сите работи од еден човек, како што беше минатите 11 години. Тоа е тестот на реформите. Така ќе знаеме дали реформите на правосудството успеваат. Рече Беса Арифи – 26.10.2018

АГТИС – Ако се прави ветинг на судии (изјава на албанскиот претседател), треба ветинг и на политичари. За ветингот треба да се видат искуства од странство, но и наши искуства. Таков ветинг имавме деведесеттите (генералниот реизбор на судии), но дали резултатите беа добри? Кој е системот на следење на успехот на плановите и стратегиите? И во стртегијата за реформа на Јавната администрација и во таа за судството, тој сегмент за следење на успехот е доста оскуден. Тоа создава ризик да донесе и пропусти и грешки.
Така се вели дека 85% од претходната стратегија била спроведена. Како се дошло до тој процент – одговор нема. Целите не се остварени ни во една од нив, а остварувања во проценти колку сакаш. Тоа е паушално мерење на успехот на реформите. Проблематично е што е премиерот на чело на тие совети, а треба да се мери успех.  Треба нови начини на мерење на успешноста на реформите и квантитативно и квалитативно (како што е задоволството на корисниците од услугите на јавната администрација). Има модели од странство за квалитетот на судските одлуки – 26.10.2018

AГТИС – Дали судиите сакаат да бидат независни? Немаше од кај нив идеи и иницијативи за решавање на проблемите и обвинувањата кон судството, сите овие години. Потенцијалот на обвинителите и судиите не гарантира дека оваа состојба може да се подобри.  Со минатите реформи се усвои решение тие да бидат основа на Судскиот Совет и гледаме дека ваквото решение не даде резултати.
Само ако се направи објективна анализа на работата на судиите тоа е можно, а истото важи и за менување на законите. Со такви податоци, никој не може да се оглуши на оценката на судиите и  oбвинителите – 26.10.2018

AГТИС – Дали требаше реформите да бидат вакви?
27 министри, како заложба за мала и ефикасна администрација; дуплирани институции со недефинирани надлежности, судир на ингеренции и преклопување на работата; неоперативност на најважните мониторинг институции; рамковни вработувања за седење дома, земање плати, иако се во странство, а тие, кои се овде можат да бираат каде сакале да работат.
Кај нас едно се декларира, друго се прави, од „Рамковниот договор“, до лустрацијата. Сефер Тахири – 26.10.2018

АГТИС – Ветинг на судиите, односно оценката на судиите дали заслужиле да си ја задржат судиската тога, не бил дозволен од меѓународниот фактор, тврди професорката Данева. Идејата за ветинг на полициските службеници – најавена од министерот Спасовски е следна работа за проценка. Ana Pavlovska Daneva смета дека таков ветинг и контрола дали повисоките службеници во МВР законски работеле во службата, е потребен и во јавната администрација, затоа што само неколку луѓе работат во цела институција. И таму реформите траат со децении, ама главно се останува на хартија. Секоја реформа е политичка одлука, а експертската јавност може да даде критички осврт за подобрување на реформите, заклучува Данева.
Експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, во склоп на проектот „Детски болести на демократијата“– 25.10.2018

АГТИС – Професорот Nikola Popovski вели дека рамниот данок треба да се напушти, бидејќи ги крати буџетските приходи и го продлабочува проблемот со растечките социјални разлики. Перспективите во даночната политика се прилично нејасни вели Поповски, бидејки 25 години наназад моделот на оданочување го менуваме во просек на секои пет години. Даночните обврзници се несигурни во системот, дали стапката ќе биде прогресивна или пропорционална и затоа неопходно е, вели тој, даночната политика да се стабилизира и да се внесе поголема сигурност. Експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, во склоп на проектот „Детски болести на демократијата“. – 25.10.2018

AGTIS – ACTAC – Професорот Борче Давитковски посочува дека бирократијата најтешко се реформира и дека тоа не може да се реализира без цврста волја за реформи и без промена на сфаќањата за она што навистина преставува реформата. Експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, во склоп на проектот „Детски болести на демократијата“. – 25.10.2018

АГТИС – Македонија е европски шампион во однос на тоа колкав доход заработуваат најбогатите граѓани. Ова е една од причините зошто во Македонија треба да се напушти пропорционалниот персонален данок, кој значи една даночна стапка од 10 отсто, независно од остварените доходи и да се воведе прогресивен данок, каде што ќе има повисок персонален данок за оние со поголеми приходи. Ова го истакна поранешниот министер за финансии Никола Поповски, кој учествуваше на вчерашниот експертски панел „Судбината на реформите во услови на политичка криза“  – 28.10.2018

Слободен печат – Само кај нас еден отсто од најбогатите имаат 14,4 отсто од вкупниот доход- 25.10.2018

АГТИС – AKADEMIK: Во рамките на проектот „Детски болести на демократијата“, АГТИС организираше експертски панел насловен како „Судбината на реформите во услови на политичка криза“. На панелот, покрај експертската дебата за реформите, се дискутираше и за резултатите од анкетата и истражувањето за спроведувањето на реформите.Политичката волја за реформите е клучна за да може успешно да се реализираат реформите беше генералниот заклучок од експертскиот панел. -25.10.2018

АКАДЕМИК – Експертски панел за судбината на реформите во услови на политичка криза  – 25.10.2018

Portalb – Anketë: Krahasuar me Gruevskin, institucionet janë më pak të varura nga Zaevi – 24.10.2018

АГТИС– PORTALB: Дел од вчерашниот експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“ – 25.10.2018

Portalb – Modeli funksionues, DSK-ja të ndahet nga MPB-ja  – 24.10.2018

 ALSAT M – Reformat e nevojshme për në BE – 24.10.2018

АГТИС – АЛСАТ М ТВ: Дел од вчерашниот експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“. Реформите кои започнаа последните две децении не беа реални и ефективни, оценуваат експертите во пресрет на претставувањето на новата реформска стратегија наречена “План 18”.– 25.10.2018

 ALSAT M – Експерти: Недостаток од политичка волја за спроведување на реформите  – 24.10.2018

ТВ Телма – Власта инсистира на помирување откако Мицкоски побара закон за амнестија – 24.10.2018

 ОТВ Прилеп – 25.10.2018

АГТИС – Телма ТВ: Дел од вчерашниот експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“. Професорот Nikola Popovski вели дека рамниот данок треба да се напушти, бидејќи ги крати буџетските приходи и го продлабочува проблемот со растечките социјални разлики. –  25.10.2018

ТВ Телма – На Македонија и треба прогресивен данок  – 24.10.2018

АГТИС– Телма ТВ: Дел од вчерашниот експертски панел:„Судбината на реформите во време на политичка криза“ во организација на АГТИС, дел од проектот „Детски болести на демократијата“.  Професорката Ана Павлова Данева која е дел од советот за реформи во судството, тврди дека реизборот односно оценката на судиите дали заслужуваат да си ја задржат судиската тога, не била дозволена од меѓународниот фактор.  – 25.10.2018

ТВ Телма – Ветингот за судиите – забранет од меѓународната заедница? – 24.10.2018

CIVIL MEDIA – Најава: Судбината на реформите во услови на политичка криза – 22.10.2018

  • ТВ Емисија

Сашо Орданоски страна – АНАЛИЗА | До каде се реформите во услови на политичка криза, разговор со гостинот Александар Цветкоски, претставник на НВО АГТИС. Погледнете го понеделничкиот разговор во целост тука, а утре се гледаме повторно во живо пред малите екрани со нови содржини во #ОтвореноСтудио – 28.10.2018

АГТИС – Дел од резултатите од анкета на АГТИС: Граѓаните поосвестени и со повеќе надеж за реформи – тема во Студио 1 – 26.10.2018

ОТВ Прилеп – Студио 1 започнува со анализа на резултатите од анкетата : До каде се реформите во услови на политичка криза? За оваа тема во студиото е Александар Цветкоски – претставник на HBO АГТИС. – 22.10.2018

АГТИС – Студио 1 започнува со анализа на резултатите од анкетата : До каде се реформите во услови на политичка криза? За оваа тема во студиото е Александар Цветкоски – претставник на HBO АГТИС.- 22.10.2018

1ТВ – Анкета на АКТИС: Граѓаните поосвестени и со повеќе надеж за реформи – тема во Студио 1 – 22.10.2018

1ТВ – Студио 1 започнува со анализа на резултатите од анкетата : До каде се реформите во услови на политичка криза? За оваа тема во студиото е Александар Цветкоски – претставник на HBO АГТИС. – 22.10.2018

  • Серија колумни на Александар Цветкоски:

Плус инфо – Ничија земја и ренде  – 13/04/2018 11:41
Плус инфо – Чуди се Ангелејце колку деца имаш  – 16/04/2018 23:17
Плус инфо – Дали премногу очекуваме од нас самите  – 18/04/2018 12:27
Плус инфо – На лекар – за дијагноза, на бајачка – за лекување  – 25/04/2018 10:15
Плус инфо- Ерга омнес, или поѓомити План „А“ – 03/05/2018 09:31
Плус инфо – Во затвор за џабе  – 09/05/2018 09:40
Плус инфо – Заради што, воопшто, да одиме во ЕУ?  – 17/05/2018 16:45
Плус инфо – Една година владеење на СДСМ и бладање на ВМРО  – 24/05/2018 10:10
Плус инфо – Водите и шумите се патриотизам, господа Зоране и Христијане  – 29/05/2018 09:04
Плус инфо – Христијане бре, не се дери во тоа микрофонот  – 20/06/2018 09:23
Плус инфо – СДСМ – ВМРО: Земја и Алфа Кентаур  – 04/07/2018 18:49
Плус инфо – Немој Иванке Василевска Заев да ги враќа условите од 2016–та  – 18/07/2018 10:27
Плус инфо – Избори, а не референдум – 25/07/2018 10:07
Плус инфо – Референдум, па „лепенки“ потоа  – 01/08/2018 14:23
Плус инфо – Дружби патриотски, со намери скотски  – 08/08/2018 09:13
Плус инфо – Ште умреш  – 16/08/2018 14:38
Плус инфо – Македонија нигде ја нема во референдумот  – 23/08/2018 14:35
Плус инфо – Референдум против чмаровите  – 31/08/2018 15:3
Плус инфо – Посветено на Тони Михајловски – 03/09/2018 09:13
Плус инфо – Разгалено детиште и европски мажоретки  – 07/09/2018 13:58

  • Интервју на Александар Цветкоски за Радио Слободна Европа:

Радио Слободна Европа:- Зголемување на платите во пресрет на референдум – 13.09.2018

Радио Слободна Европа:- Довербата во анкетите зависи од демократскиот развој  – 15.09.2018

  • Павле Трајанов – поранешен Министер за внатрешни работи

МИЦ,Ниш Србија – ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: Дали Македонија е „премиерска“ држава? https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/818-p-vl-r-n-v-dj-li-dj-ni-pr-i-rs-djrz-v – 07.08.2018

ОТВ Прилеп –  ПАВЛЕ ТРАЈАНОВ: Дали Македонија е „премиерска“ држава? – 07.08.2018

  • Имер Селмани -поранешен Министер за здравство и вицепремиер за спроведување на Охридскиот договор

FAKTIDITOR – IMER SELMANI: DO PRANOJA KANDIDATURË PËR PRESIDENT SHTETI – http://www.faktiditor.ch/imer-selamni-do-pranoja-kandidature-per-president-shteti-video/

KDPOLITIK – Selmani: Pranoj të jem kandidat për President – https://kdpolitik.com/2018/07/imer-selamni-do-pranoja-kandidature-per-president-shteti-video/

ZHURNAL TV LAJME – Selmani: Pranoj të jem kandidat për President – http://www.zhurnal.mk/content/?id=187171474959

МИЦ, Ниш Србија – ИМЕР СЕЛМАНИ: Реформите не значи само да се стават на хартија, треба да заживеат -https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/804-i-r-s-l-ni-r-f-r-i-n-zn-ci-s-dj-s-s-v-n-h-r-i-r-b-dj-z-ziv – 03.08.2018

ОТВ Прилеп – ИМЕР СЕЛМАНИ: Реформите не значи само да се стават на хартија, треба да заживеат – 03.08.2018

  •  Ѓорѓи Спасов – поранешен Министер за правда

Gjorgji Spasov Fb page: – 01.08.2018

МИЦ,Ниш Србија – Интервју со Ѓорѓи Спасов, поранешен министер за правда: Што ќе им се реформи на партиските “султани”? https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/794-in-rv-u-s-r-i-sp-s-v-p-r-n-n-inis-r-z-pr-vdj-i-s-r-f-r-i-n-p-r-is-i-sul-ni – 31.07.2018

ОТВ Прилеп – Ѓорѓи Спасов: Што ќе им се реформи на партиските “султани”?   – 31.07.2018

  • Јахи Јахиу – Државен секретар во Министерството за информатичко општество и јавна администрација

Jahi Jahiu Personal Fb: – 30.07.2018

SHTEGU – Jahiu: Edhe 2/3 e shumicës ndikojnë në numrin e administratës publike (Eng. Yahiu: Even 2/3 majority affects the number of public administration) – 29.07.2018

http://shtegu.com/lajme/11727/

МИЦ, Ниш Србија – Јахи Јахиу: Дури и 2/3 мнозинство влијае на бројот на јавната администрација  – https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/783-hi-hiu-djuri-i-2-3-n-zins-v-vli-n-br-n-vn-dj-inis-r-ci – 27.07.2018

ОТВ Прилеп – Јахи Јахиу: Дури и 2/3 мнозинство влијае на бројот на јавната администрација- 27.07.2018

  • Владо Бучковски – поранешен премиер на Република Македонија и министер за одбрана

МИЦ, НИШ Србија – Владо Буковски: Мојата „фабрика“ е играчка и спрема Груевски и спрема Заев“  – https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/773-vl-dj-buc-vs-i-f-bri-igr-c-i-spr-gru-vs-i-i-spr-z-v – 24.07.2018

ОТВ Прилеп – Мојата „фабрика“ е играчка и спрема Груевски и спрема Заев“  – 24.07.2018

ОТВ Прилеп – НАЈАВА 24.07.2018: Мојата „фабрика“ е играчка и спрема Груевски и спрема Заев“   – 23.07.2018

  • Бујар Османи –  Вицепремиер за европски прашања

МИЦ, НИШ Србија – Бујар Османи: Реформите не се илузија – https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/767-bu-r-s-ni-r-f-r-i-n-s-iluzi – 20.07.2018

ОТВ Прилеп – Бујар Османи: Реформите не се илузија – 20.07.2018

ОТВ Прилеп – Најава 20.07.2018: Бујар Османи: Реформите не се илузија  – 19.07.2018

TOP NEWS – Osmani: Hazbi Lika s’e bojkoton qeverinë  – 17.07.2018

http://top-news.mk/archives/30182

INA- Iliria News Agency – OSMANI: HAZBLI LIKA S’E BOJKOTON QEVERINË – https://www.facebook.com/IliriaNewsAgency/videos/10156529160679104 – 16.07.2018

Realiteti Press – OSMANI: HAZBLI LIKA S’E BOJKOTON QEVERINË – http://realiteti.press/2018/07/osmani-hazbli-lika-se-bojkoton-qeverine – 17.07.2018

KDPOLITIK – BUJAR OSMANI: HAZBLI LIKA S’E BOJKOTON QEVERINË – https://kdpolitik.com/2018/07/bujar-osmani-hazbi-lika-se-bojkoton-qeverine – 17.07.2018

FAKTIDITOR – BUJAR OSMANI: HAZBLI LIKA S’E BOJKOTON QEVERINË – http://www.faktiditor.ch/bujar-osmani-hazbi-lika-se-bojkoton-qeverine-video/ – 17.07.2018

  • Роберт Поповски – Министер за комуникации, отчетност и транспарентност

МИЦ, НИШ Србија – Поповски порачува: Поддржете ги реформите – https://mic.org.rs/otvorena-televizija/otv-prilep/item/760-p-p-vs-i-p-r-cuv-p-djdjrz-gi-r-f-r-i – 18.07.2018

ОТВ Прилеп – Поповски порачува: Поддржете ги реформите – 18.07.2018