Ѕидај на стабилни темели

Новости Проекти

Веќе долго време АГТИС, во соработка со ЕИЖ работи на родово сензитивни прашања во Пелагонискиот Плански регион, кој е вистинска ризница на конфесии, етноси, различни модели на живеење и стопанисување, промовирајќи и јакнејќи ја родовата агенда, која е мошне потребна и инспиративна за човечкиот и економски развој на регионот.

Во таа насока продолжуваме и со новиот проект Ѕидај на стабилни темели, со кој ќе продолжиме да ја зајакнуваме веќе воспоставената мултиетничка женска мрежа во овој регион, која соработува со другите НВО – и, институциите на системот, комори.

Преку е-центарот ќе продолжиме со едукативните работилници и настани со цел да се зголеми улогата и економската вредност на жената, преку нивно инволвирање во процесот на зголемување на мотивираноста и оперативните вештини за користење различни видови електронски услуги, кои владата, општините и институциите ги нудат на своите електронски асети.

Повеќе за електронските услуги во делот

https://agtis.org.mk/category/e-usluga/