Во период декември 2020 – јули 2022 АГТИС ќе го имплементира проектот „Е – услуга како самопослуга“, кофинансиран од Европската Унија, во склоп на проектот „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ICEDA“.
Цел на проект: сензибилизирање на пошироката јавност за можностите на дигиталната агенда и употребата на е-услуги.
Краткорочни цели:
1. Зголемување на капацитетот на граѓанските организации и медиумите да придонесат за постигнување на целите на дигиталната агенда;
2. Зголемување на свесноста и градење на вештини на јавноста за користење на е-услуги преку формирање на инфо центар;
3. Зголемување на одговорноста и отвореноста на општините за подобрување на е-услугите.
Проектот ќе воспостави 3 типа на инфо центар:
физички центар во Прилеп (отворен за граѓаните 3 дена неделно), онлајн центар (информативна, едукативна и платформа за поддршка за употреба на е-услуги и производство и емитување на 18 едукативни мултимедијални содржини за е-услуги);
мобилен центар (20 патувачки инфо сесии на 20 различни локации за обезбедување на физичка поддршка за граѓаните за користење на специфични е-услуги и дигитални вештини);
онлајн центар (информативна, едукативна и платформа за поддршка за употреба на е-услуги и производство и емитување на 18 едукативни мултимедијални содржини);
мобилен центар (20 патувачки инфо сесии на 20 различни локации за обезбедување на физичка поддршка за граѓаните за користење на специфични е-услуги и дигитални вештини).
Повеќе за проектните материјали, активноси и случувања можете да видите на следниот линк – Е – УСЛУГА
You must be logged in to post a comment.