Е – услугите не го чекаат Годо

Новости Тековни

Ние одамна го чекаме Годо

                Веќе долго време АГТИС, во соработка со Екуменската Иницијатив на Жени работи на родово сензитивни прашања во Пелагонискиот Плански регион, кој е вистинска ризница на конфесии, етноси, различни модели на живеење и стопанисување, промовирајќи и јакнејќи ја родовата агенда, која е мошне потребна и инспиративна за човечкиот и економски развој на регионот.

Во таа насока АГТИС веќе има воспоставено мултиетничка женска мрежа во овој регион, која соработува со другите родово сензитивни НВО – и, институциите на системот, коморите и другите форми на општествено и економско организирање. Оваа мрежа од обучени девојки и жени за „мало новинарство“, „ вредност на жените при деловни активности“ и социјални вештини има капацитет за работа со населението за промовирање на општествено корисни идеи и работи.       

Иако е – услугите не се нова работа во Македонија, нивното користење е сеуште на ниско ниво, што од своја страна води и до недостаток на мотивираност на општините да воведуваат нови е – услуги и подобрување на постоечките, додека Ковид кризата точно го потенцира значењето на истите во услови на пандемија. Мислиме дека ќе се сетите на редовите пред институциите и банките, токму во моментот кога Македонија и светот немаа искуство и знаење за справување со последиците од пандемијата, па оправдано се смета дека ширењето на пандемијата е во дел зајакната од тој факт.

                Проектот со наслов „Е – услугите не го чекаат Годо“, кој само што започна, а ќе трае до Септември оваа година, има намера да ја зголеми улогата и економската вредност на жената, преку нивно инволвирање во процесот на зголемување на мотивираноста и оперативните вештини на населението во ППР за користење различни видови електронски услуги, кои владата, општините и институциите ги нудат на своите електронски асети. Тоа на населението ќе им помогне преку штедење на времето за одењето и чекањето по шалтерите на институциите и банките, но исто така во подобрата информираност за остварување на нивните права и искористување на приликите, кои институциите ги нудат на граѓаните и тоа не само кон граѓаните, туку и кон деловните субјекти, невработените, лицата со помали можности и поинакви и специјални потреби.

Името на проектот е поврзано со антидрамата на Семјуел Бекет „Чекајќи го Годо“, која стана симбол за средини и состојби каде ништо не се менува и само се чека „нешто да се случи“, „некој од страна да дојде и да смени“ и сл. Така, е – услугите можат да се постават во таквата рамка, но исто така и однесувањето на институциите и општините, во тој поглед.

Овој проект истакнува дека жените и девојките од ППР веќе нема да го чекаат Годо и недостатоците на средината ќе ги искористат за промоција на улогата и вредноста на жената и родоввата борба.

                Значајно е дека овој процес на мотивација и јавна едукација ќе се одвива преку инволвирање на млади девојки и жени од руралните области во Регионот, кои процесот ќе го земат на себе, промовирајќи се самите како вешти работнички во доменот на едукацијата и јавното влијание. За таа намена истите ќе бидат обучени од нашата организација, која веќе има богато искуство во едукацијата и влијанието за користење на е – услугите, менување на навиките на населението и подигањето на јавната свест, во насока на вршење притисок врз институциите за воведување на нови и подобрување на веќе постоечките услуги.

Анкета за истражување на степенот на дигитална писменост и користењето на е – услугите од страна на жените АНКЕТА

Видео – Тата-мата за компјутери

Постапка како до Електронски Извод од матична книга на родени
Постапка како до Електронска потврда за неосудуван
Постапка како најлесно до „Потврда за евиднетирано невработено лице“
Постапка – Регистрација за е услуги
Упатсво како да креирате безбедна лозинка