Во наредните месеци тернските информатори преку ИНФО КАРАВАНОТ, ќе спроведат Теренски инфо сесии за е-услуги и обуки за основни дигитални вештини, за населението од општина Прилеп и општина Долнени.
Активност е дел од Проектот „Е-услуга како самопослуга “ кој АГТИС го спроведува во рамките на проектот финансиран од Европската Унија „Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА“, спроведуван од Фондацијата Метаморфозис и партнерите.
На визуелизацијата погледнете дел од услугите кои ги нуди Локалниот инфо центар и совети како најлесно да пристапите до посакуваната е-услуга.