Известување на заедницата

ОТВ

Мартина Билјаровска, координатор на проектот Родово-сензитивна агенда преку Отворена ТВ, поддржан и финансиран од ЕИЖ, Хрватска, ја споделува својата приказна за искуството со методот Известување на заедницата.

„Има 1 премиер, 1 претседател, којзнае колку министри и милион мали приказни. Медиското влијание е обратно пропорционално. Претседателот троши 90 % од медиското време, 9 % се за министрите, а тој 1 % што останува е за новинарите да докажат колку се тие блиски со власта. Community Reporting, односно Известување на заедницата, всушност ми покажа зошто Македонија е тука каде што е, и време е да направиме нешто околу тоа, не?“ кажува Билјаровска.