- Онлајн со постоечка корисничка сметка од УЈП
Доколку имате активна корисничка сметка во регистарот на корисници на УЈП може да се регистрирате со неа:
- Преку линкот “Најави се” пристапувате до Системот за единствена најава (СЕН);
- Ја избирате опцијата за регистрација со постоечка корисничка сметка од УЈП “Имате профил на УЈП”, со што давате согласност за користење на Вашата корисничка сметка од УЈП за најава на СЕН;
- Во формата за најава ги пополнувате вашето корисничко име и лозинка од системот на УЈП
- Со клик на “Најави се” доколку податоците за најава на УЈП се точни, и доколку Вашиот ЕМБГ од УЈП постои во Централниот регистар на население (ЦРН), автоматски се креира ваш кориснички профил во СЕН и се најавувате на Порталот за е-Услуги.
Со успешна регистрација со корисничката сметка од УЈП, ви се креира eID на ниско ниво. Со eID на ниско ниво може да аплицирате за е-Услуги кои што се најмногу на ниско ниво.
2. Со лично присуство на шалтер, преку посредник
Во случај да не сте во можност за регистрација да ја употребите корисничката сметка од системот на УЈП, може да регистрирате нов кориснички профил на СЕН со лично присуство и со важечка лична карта или пасош. Регистрацијата ја врши посредник (шалтерски службеник) во регистрациона канцеларија.
- Побарајте ја најблиската регистрациона канцеларија
- Посредникот врши проверка на валидноста на вашиот личен документ и го пополнува барањето со вашето име, презиме, ЕМБГ, број на важечки документ (лична карта или пасош), и ваша валидна e-mail адреса, и го печати истото. Внесената e-mail адреса понатаму ќе се користи како корисничко име за најава на СЕН
- Проверете ја точноста на податоците во испечатено барање, и запознајте се со Условите за користење на СЕН. Доколку податоците во барањето се точни и се согласувате со Условите, потребно е да го потпишете барањето. Со потпишувањето се согласувате со Условите за користење на СЕН
- Посредникот го скенира и го прикачува потпишаното барање, со што ви се креира профил во СЕН со приложената e-mail адреса. На истата e-mail адресата се испраќа порака за потврда на регистрацијата, заедно со еднократна лозинка.
- Проверете го вашето сандаче, вклучително и папката за SPAM. Со единечен клик на линкот од пораката, се активира вашата корисничка сметка во СЕН.
- Преку линкот “Најави се” пристапувате до СЕН,каде што ја внесувате вашата e-mail адреса и еднократна лозинка. При првата најава мора да ја промените еднократната лозинка со Ваша лозинка и истата да ја потврдите.
При успешна регистрација преку посредник на шалтер ви се креира eID на ниско ниво. Со eID на ниско ниво може да аплицирате за е-Услуги што се најмногу на ниско ниво. По успешна најава, во вашето корисничко сандаче ќе го најдете решението за регистрација.
3. Онлајн со валиден дигитален сертификат за електронски потпис
Доколку имате валиден дигитален сертификат за електронски потпис издаден од издавачи на сертификати регистрирани во Регистарот на издавачи на сертификати во Република Северна Македонија (Регистар на издавачи на сертификати) можете онлајн да регистрирате eID на високо ниво
- Преку линкот “Најави се” пристапувате до СЕН
- Изберете ја опцијата “Регистрирај се”
- На страницата за регистрација изберете ја опцијата Високо ниво, за која што неопходно е претходно да ја имате инсталирано Компонентата за дигитално потпишување (како се инсталира компонентата упатство подолу)
- Во формата за регистрација го внесувате Вашиот ЕМБГ за кој што е издаден сертификатот, e-mail адреса која понатаму ќе се користи како корисничко име за најава на СЕН, и лозинка
- Со клик на копчето “Продолжи” ви се прикажува листа на валидни сертификати кои ви се локално достапни
- Селектирајте ја опцијата дека се согласувате со условите за користење на СЕН, изберете го сертификатот со кој што сакате да ја продолжите регистрацијата (сертификатот кој е поврзан со Вашиот ЕМБГ) и кликате на копчето “Избери и потпиши“
- Доколку има потреба за внес на ПИН, ви се прикажува прозорец за да го внесе ПИН-от од Вашиот избран сертификат
- СЕН врши проверка со издавачот на избраниот сертификат за електронски потпис, со цел потврда на поврзаноста на сертификатот и внесениот ЕМБГ. Доколку издавачот на сертификатот одговори потврдно, СЕН врши проверка дали внесениот ЕМБГ постои во Централниот регистар на население (ЦРН).
- По успешно завршување на двете проверки, се креира вашиот кориснички профил во СЕН, по што ви се испраќа порака за потврда на регистрацијата на e-mail адресата внесена при регистрација
- Проверете го вашето сандаче, вклучително и папката за SPAM. Со единечен клик на линкот од пораката, се активира вашиот кориснички профил во СЕН.
- Преку линкот “Најави се” пристапувате до СЕН, изберете ја опцијата “Најави се со сертификат” каде што ви се листаат сертификатите. Оттаму треба да го изберете сертификатот со кој се регистриравте во СЕН.
При успешна регистрација со сертификат за електронски потпис ви се креира eID профил на високо ниво со кој што може понатаму да аплицирате онлајн за сите е-Услуги на Порталот.
4. Онлајн со валидна e-mail адреса
За креирање на основен кориснички профил потребна ви е само валидна e-mail адреса:
- Преку линкот “Најави се” пристапувате до Системот за единствена најава (СЕН)
- Изберете ја опцијата “Регистрирај се”
- На страницата за регистрација изберете ја опцијата “Основен кориснички профил”
- Во формата за регистрација внесете ги вашата e-mail адреса и лозинка и потврдете ја лозинката
- Со клик на “Регистрирај се” се креира Вашиот кориснички профил на СЕН, и ви се испраќа порака за потврда на регистрацијата на внесената e-mail адресата
- Проверете го вашето сандаче, вклучително и папката за SPAM. Со единечен клик на линкот од пораката, се активира вашата корисничка сметка во СЕН и може да продолжите со најава
При успешна регистрација само со e-mail адреса ви се креира основен кориснички профил со кој што може понатаму да аплицирате онлјан за е-Услуги кои не бараат потврда на идентитет на корисник.