Мудрости за новинари – Ако се занесеш, престануваш да бидеш битен

Новости Обуки

Новинарите гледаат што е важно за другите луѓе и знаат како тоа да го пренесат правилно, навремено и непристрасно, без разлика кој канал за комуникација го користат – печат, телевизија, радио или нови медиуми. Тие известуваат за факти од јавен интерес. Улогата на новинарот опфаќа повеќе од пишување и известување: тие носат вредни информации, ја информираат јавноста и им дозволуваат на луѓето да направат свои проценки базирани на факти.

Како новинар, ти работиш нешто и не си толку битен, како што мислиш. Ако знаеш да направиш – стануваш битен.

Ако се занесеш – престануваш да бидеш битен. Славата е учител на наивните, а успехот на будалите.

Гледај.