ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ ПРОЕКТЕН АСИСТЕНТ

Новости

Асоцијација за Граѓанска Толеранција и Соработка – АГТИС има отворена позиција за ангажирање проектен асистент

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Познавање на основни компјутерски вештини
  • Одлично познавање и употреба на англискиот јазик (говор и пишување)
  • Одлични комуникациски вештини
  • Познавање и работа со социјални мрежи
  • Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи
  • Креативност во пристапот, иницијативност и способност за работа во тим
  • Вештини и искуство за организирање настани и добри презентациски способноси
  • Практичното искуство и вештини во користење фото и видео опрема, и  обработка на мултимедијалните содржини ќе биде предност при аплицирањето.*

Асистентот/ката ќе треба да ги извршува следниве задачи:

  • Поддршка на проектниот тим
  • Организирање средби и настани  и активно вклучување во истите
  • Промоција на проектите и проектните цели
  • Организирање и спроведување проектно предвидени активности

АГТИС овозможува:

  • Флексибилна работа во динамична средина
  • Менторство и поддршка од тимот на АГТИС
  • Можности за професионална и лична надградба

Работно време и ангажман:

  • 20 часа преку неделата (понеделник – петок, флексибилно работно време)

Ангажманот ќе биде на определено време започнувајќи од 01.12.2023 година, почетен хонорар од 240$  

Пробен период

Првите 30 дена ќе се сметаат како пробен период, во согласност со природата на зададените задачи. Во овој период, асистентот ќе има можност да ја прикаже својата способност за вршење на доделените работни задачи и да се вклопи во работниот тим. После овај период лицето добива можност за зголемување на работните часови и хонорарот.

Заинтересираните кандидати да испратат (CV)  и мотивациско писмо  најдоцна до 15.11.2023 год. На меил – agtis@agtis.org.mk, со наслов „Пријава за асистент“.

 За дополнителни прашања, контактирајте нѐ на телефоните:

048 432 432 и 075 288 637

ул. „Пиринска“ бр. 62, Прилеп