Во интервју за ОТВ, репортерката Бесарта Адеми, разговара со кустос Даница Јанакиеска, за чардаците кои се значајни подрачја на крушевската куќа и секогаш биле затворени, затоа што тука се одвивале сите значајни моменти од животот, венчавки, крштевки итн. На чардаците се поставувале голем број на столови, некогаш и миндери и дрвени простори за седење. На чардакот во галеријата на Мартиноски, се поставени и староградски облеки, изработени од свила која била носена од различни делови на светот, бидејќи крушевчани биле трговци.
Интервјуто е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.
You must be logged in to post a comment.