Отворени општини со отворени податоци – 2 „Неформален регионален информациски систем“

Новости ОТВ Проекти Тековни

Донатор: National Endowment for Democracy – NED
Времетраење на проектот: Октомври 2023 – Септември 2025


Проектот ќе помогне да се зајакне капацитетот на локалните институции за граѓанско структурирано информирање, отчетност и транспарентност, а со тоа и да се зголеми учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво во Пелагонискиот плански регион (ППР), се со цел да ја зајакне побарувачката и јавниот притисок за отчетност и транспарентност на ЕЛС

Директни корисници се граѓаните, општините, надлежните невладини организации, носители на експертиза и креативност во областа на локалната и регионалната демократија, медиумите, како и сите засегнати страни и сите корисници на општинските е-услуги и општинските отворени податоци.

Ова ќе се постигне преку: Информирање, соработка, промоција преку порталот „Отворена телевизија“ (ОТВ) www.otv.mk како заеднички информативен сервис на 9 општини базиран на заедничка платформа.