Отворени општини, со отворени податоци

Новости ОТВ Тековни

Донатор: National Endowment for Democracy – NED
Времетраење на проектот: Октомври 2022 – Септември 2023

Проектот ќе даде допринос кон реафирмацијата на граѓанско учество во процесите на носење одлуки на локално и регионално ниво во Пелагонискиот Плански Регион (ППР) со што ќе ја зајакне побарувачката и јавниот притисок за отчетност и транспарентност на ЕЛС, Центарот за регионален развој на ППР и „централните тела“ за локален и регионален развој.

Директни корисници ќе бидат граѓаните, капацитативните НВО – и, носители на локална и регионална експертиза и креативност, медиумите, како и сите видови стејкхолдери и сите корисници на е – услугите и општинските отворени податоци.

Тоа ќе биде постигнато низ: Едукација на Младинска мрежа на Информатори на заедниците за следење на активностите во регионот и хранење на процесот на јавна дебата и изградба на партиципаторна локална демократија; Развој на Хаб за регионализација и децентрализација (ХРД) за инволвирање на експертите и стрјкхолдерите, мапирање и адресирање на ресурсите и за јавна едукација; Пилотирање со регионален сервис за партиципативна демократија и застапување за е – услуги, навремени јавни информации и „отворени општински податоци“.

*