ОТВОРЕНОСТ НА ОПШТИНИТЕ

Тековни

Во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество (Civic Engagement Project), почнувајќи од денес, 15 февруари 2022 година, започнува ново мерењa на отвореноста на единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.

Фондацијата Метаморфозис, во партнерство со Квантум Прима – Кавадарци, Центар за интеркултурен дијалог- Куманово, Здружение Мултикултура – Тетово, Фондација за развој на локалната заедница – Штип, Центар за социјални иновации Блинк 42-21 – Скопје, Локална агенција за развој – Струга, АГТИС Прилеп и Скај Плус Струмица ќе спроведе мониторинг на сите општини во нашата земја.

Мерењето на општините ќе се спроведува според Индексот на отвореност кој е композитен показател што го определува степенот на отвореност на институциите кон граѓаните и општеството и е создаден со цел да дефинира до кој степен граѓаните добиваат погодни и разбирливи информации од институциите.

За да се измери степенот на институционалната отвореност, следејќи ги законските регулативи, меѓународните стандарди, препораки, како и добри практики, со Индексот на отвореност се мониторираат ЕЛС според посебни квантитативни и квалитативни показатели, кои се однесуваат на  пристапот до информации на официјалните веб страни, објавени податоци за работењето на институцијата, јавните набавки, информации за трошењето на јавни пари итн.

По завршувањето на мерењето на отвореноста на општините, а врз основа на анализираните податоци, Фондацијата Метаморфозис ќе изработи документ за јавни политики, и ќе организира кампања за застапување со цел да се помогне на општините во унапредување на нивната отвореност кон граѓаните.

Проценка од истражувањето за 2022 година е достапна на следниот 

Целата проценка од истражувањето за 2021 година е достапна на следниот линк

Соопштение за медиуми – Колку се отворени локалните самоуправи од Пелагонискиот регион?

Консултативен состанок за отвореност на општините Прилеп и Долнени – https://agtis.org.mk/konsultativen-sostanok-za-otvorenost-na-opshtini-2020/

Дали знаете што се отворени податоци? Кои се придобивките од отворање на податоците од државните институции? -https://www.facebook.com/metamorphosis.foundation/posts/10158914535186873

Отворените податоци се податоци во компјутерски обработлив формат кои може да се користат слободно, да се ре-искористуваат и да се ре-дистрибуираат од страна на било кој, без ограничувања. Објавувањето отворени податоци носи повеќекратни придобивки за општеството во целина.

Сподели: