Уставот на Република Македонија содржи повеќе одредби во однос на основните слободи и права на човекот и граѓанинот.
Во делот на граѓански и политички слободи и права утврдено е дека
„Граѓаните на Република Македонија се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба”.
Со вметнувањето на рамноправноста меѓу половите во одредбите на Уставот е искажана политичката волја на највисокото законодавно тело, дека Република Македонија се наоѓа меѓу оние демократски држави кои својот поредок го градат со целосно признавање и промовирање на еднаквите можности меѓу жените и мажите.
Прочитајте повеќе подолу во едукативниот материјал направен во склоп на проектот „Грас-рут родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ“ поддржан од ЕИЖ, од Омиш, Хрватска.
You must be logged in to post a comment.