АГТИС, во период од 01-09-2019 до 31-08-2021 година, како партнерска организација, ќе го имплементира проектот „Преземи чекор“ Еразмус +, K 2 Стратешко партнерство за стручно образование.
Референтен број на проектот: 2019-1-UK01-KA202-061906
Стратешкото партнерство го сочинуваат:
- AГТИС, Република Северна Македонија;
- Diversity Living Services, Англија;
- Mobilizing Expertise AB , Шведска;
- NGO Ritineitis, Латвија;
- Eprojectconsult – Istituto Europeo di Formazione e Ricerca, Италија.
Основната цел на проектот е да се промовира едукација на социјално исклучените млади од областа на претприемништвото.
За да се постигне целта на проектот, еден од најважните резултати од двегодишната соработка помеѓу партнерите во проектот ќе биде збир на специјално скроени дигитални едукативни материјали; информативни и практични работилници за да им се помогне на младите луѓе да ја разберат суштината на претприемништвото; транснационални средби за споделување искуства и јакнење на стратешко партнертство; мултипликативни настани за промоција на онлајн пакет тренинг за социјално претприемништво.
За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на проектот – https://www.taketheleapproject.org.uk/.
ПРОМО ВИДЕО
ЛИФЛЕТ
ПРЕЗЕНТАЦИЈА
ТРАНСНАЦИОНАЛНИ СРЕДБИ
Првата транснационална средба на партнерите се одржа од 03.12.19-05.12.19 во Лондон.
Втора онлајн транснационална средба Прилеп 17 – 18.09.2020
ФОКУС ГРУПИ
АГТИС организираше неколку фокус групи за да се направи увид и да се соберат информации на тема „претприемништво“ на локално ниво меѓу сегментираните групи за моменталната состојба за бариерите/можностите за претприемништво на социјално исклучената младина (СИМ).
Целта на фокус групите беше да се добијат релевантни информации и увид во моменталната состојба на целната група за претприемништво; да се откријат различностите во размислувањето, чувството и позадината на различните групи за претприемништво; да се добијат предлози за решавање на проблемите со кои се соочуваат СИМ; и конечно да се добијат предлози за дизајнот и содржината на Intelectual Output – Интелектуален производ, Онлајн интернет пакет за претприемништво за СИМ.
Во тој контекст, беа одржани две фокусни групи со учениците и наставниците од стручното училиште СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, Република Северна Македонија; и една фокус група со претставници на невладиниот сектор, младински работници, волонтери и деловни консултанти.
Резиме од фокус групите беше испратено до партнерите во проектот и ќе допринесе во истражувањето и изработката на интернет пакетот.
BLOG POST
Training Materials to Start and Grow your Business
SUIT AND PYJAMAS
Start your online business today
– 5 business ideas –
Tips for opening a business
How to develop your own business idea
Guidelines for those who would like to set up a business in Macedonia
БИЛТЕНИ
Прв билтен
Втор билтен
Трет билтен
МУЛТИПЛИКАТИВЕН НАСТАН
Линк од онлајн пакетот „Тренинг за претприемништво“
https://educulture.se/courses/take-the-leap-online-course/
Медиумски пренесувања
MIA: ВО ПРИЛЕП ПРЕЗЕНТИРАН ОНЛАЈН ПАКЕТОТ „ТРЕНИНГ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ (Eng. ONLINE PACKAGE “ENTREPRENEURSHIP TRAINING” PRESENTED IN PRILEP)
– МТВ – Утринска програма: На младите им треба мотивација за да почнат бизнис
– Публикум: МУЛТИПЛИКАТИВЕН НАСТАН ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ОНЛАЈН ПАКЕТ „ТРЕНИНГ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ (Eng. Multiplier event for promotion of Online Package for Entrepreneurship Training)
– Радио Пела: ГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА „ТРЕНИНГ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“, ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АГТИС, НО ПОРАДИ КОВИД СИТУАЦИЈА МЕСТАТА ОГРАНИЧЕНИ (Eng. GREAT INTEREST FOR “ENTREPRENEURSHIP TRAINING”, ORGANIZED BY ACTAC, BUT BECAUSE OF COVID SITUATION THE PLACES WERE LIMITED)
– Мак Прес: ВО ПРИЛЕП ПРЕЗЕНТИРАН ОНЛАЈН ПАКЕТОТ „ТРЕНИНГ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ (Eng. ONLINE PACKAGE “ENTREPRENEURSHIP TRAINING” PRESENTED IN PRILEP)
– Обсервер: ВО ПРИЛЕП ПРЕЗЕНТИРАН ОНЛАЈН ПАКЕТОТ „ТРЕНИНГ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО“ (Eng. ONLINE PACKAGE “ENTREPRENEURSHIP TRAINING” PRESENTED IN PRILEP)
Видеа
“Why you should enroll in Take The Leap online course?”
Ideas run the business, but you also need a little “technique”, learn it in Take the Leap
Course
You must be logged in to post a comment.