Родова еднаквост: Зошто е важна?

Новости Обуки

Жените и девојките претставуваат половина од светската популација, што значи дека претставуваат и половина од светскиот потенцијал. Но, нажалост, и денес родовата нееднаквост опстојува насекаде и го стагнира социјалниот напредок.

Жените продолжуваат да бидат недоволно застапени на сите нивоа на политичкото лидерство. Низ целиот свет, жените и девојките учествуваат со несразмерен удел на неплатена домашна работа.

Според статистиките на Интернационалната организација за труд, глобално, жените работат 76.2 проценти од вкупниот број на неплатена домашна работа и грижа, што е за три пати повеќе од мажите.

Нееднаквостите со кои се соочуваат девојчињата започнуваат веднаш со раѓањето и ги следат низ животот. Во некои земји, девојките се лишени од пристап на здравствена заштита или соодветна исхрана, што доведува до повисока стапка на смртност.

Жените и девојчињата наоколу светот се уште доживуваат насилство и се жртви на штетни практики. Физичко и/или сексуално насилство трпат жени од сите возрасти, етникуми, различен социоекономски статус и ниво на образование.

Детскиот брак исто така влијае врз образованието на девојчиња. Околу третина од земјите во развој немаат постигнато родов паритет во основното образование. Во субсахарска Африка, Океанија и Западна Азија, девојките сè уште се соочуваат со бариери за правото на основно и средно училиште.

Без оглед каде живеете, родовата еднаквост е основно човеково право. Унапредувањето на родовата еднаквост е клучно за сите области на здраво општество, намалување на сиромаштијата, промовирање на здравјето, образованието, заштитата и благосостојбата на девојчињата и момчињата.

Што можеме да сториме?

Ако си девојка која добива поддршка за да остане на училиште, охрабрете ги и вашите соученички да го сторат истото. Ако си жена, можете да ги адресирате пристрастните и имплицитни здруженија кои формираат ненамерна и честопати невидлива бариера за еднаква можност. Ако си маж или момче, можеш да работиш заедно со жени и девојчиња за постигнување родова еднаквост. Можете да финансирате кампањи за едукација за да се укинат штетни практики како осакатување на женските гениталии и промена на штетни закони со кои се ограничуваат правата на жените и девојчињата.

Заедничкиот пристап ќе им помогне на жените и девојчињата да го постигнат целиот свој потенцијал.

Извор: www.un.org

Овој напис е дел од проектот „Родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ“, кој го спроведува АГТИС, поддржан од ЕИЖ, Омиш, Хрватска.