Донатор: Амбасада на САД во Македонија
Времетраење на проектот: Април 2018 – Декември 2018
Целта на проектот е зајакнување на капацитетот на граѓаните за учество во процесите на одлучување во руралните општини во Пелагонискиот плански регион, со што ќе се зголеми одговорноста и транспарентноста, како и грижата на локалните самоуправи кон граѓаните; преку јакнење на јавната и институционалната свест, капацитет и социјална чувствителност за етнички, верски, родови, здравствени, генерациски и социјални прашања, како и преку остварување на правата на посебните целни групи, во согласност со законите.
Главни проектни активности ќе бидат обуките за целните групи за Community Reporting во 4 рурални општини со цел да се промени моделот од “оневозможувачки” во “овозможувачки” средини преку мониторинг на работата на локалните самоуправи и државни органи и агенции, која ќе биде дистрибуирана на „Отворена ТВ Прилеп”, како дел од Веб ТВ Балканска мрежа и низ сите други медиуми.
10. Доделување дипломи и прес за презентација на мрежа на репортери
9. Видео репорти
Сите видео репорти можете да ги погледнете на следниов линк – https://agtis.org.mk/category/otv/.
8. Обука за мало новинарство
Младите од пелагонискиот плански регион, изминатите неколку денови имаа можност да бидат дел од „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.
Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.
Градоначалниците на Прилеп – Илија Јованоски и Крушево – Томе Христоски, кои што несебично ја дадоа својата поддршка од самиот почеток на проектот, зедоја активно учество на обуката, како и другите институционални и НВО претставници, ги поддржаа младите репортери и беа достапни за да им помогнат да ги научат како да им земат интервју. Истовремено, истите научија како достојно да ја претстават својата институција, се запознаа со младите репортери кои имаат поинаков пристап од новинарите на кои се навикнати, затоа што овие репортери најдобро си ја познаваат локалната заедница и локалните проблеми, и не се плашат да постават прашања за надлежностите кои што се сработиле, оние што не се сработиле, а требало да се сработат, како и да побараат извршување на надлежностите во иднина, ако институциите си ја работат работата.
Пристапот кој се користи е наречен Известување на заедницата (АГТИС е единствена организација во Македонија со 5 меѓународно-сертифицирани репортери) и е начин за зајакнување на заедниците, вклучувајќи ги институционалните фактори и граѓаните.
Со цел оваа силна „алатка“ на локалната демократија да заживее и да може да влијае врз локалните рурални заедници, мора да се изгради капацитет на локалните актери и институции и свесноста да се застапуваат интересите на посебни групи корисници, каде што се соочуваме со „фактори за оневозможување“: етнички, родови и други стереотипи, недоверба, ниско ниво на доверба и разбирање на демократијата, патријархалниот систем, затворени и политизирани институции, нивниот мал капацитет да одговори на потребите на граѓаните.
Проектот е дизајниран токму во тие точки и потребата да се подигне капацитетот на општините кои можат да ја искористат оваа можност.
Во продолжение, погледнете галерија од активната обука за мало новинарство.
7. Повик за пријавување на учесници за обука
АГТИС Прилеп објавува ПОВИК за учесници од пелагонискиот регион на Обука за „Мало новинарство“ или „Новинарство на мали приказни“. Ова е дел од проектот „Рурално и мало новинарство“ кој има намера да воспостави мрежа на теренски репортери.
Учеството на граѓаните и невладините во процесот на носење одлуки, во мали и сиромашни рурални општини е на многу ниско ниво. Ова води кон чувство на тотален недостаток на моќ и немотивираност на локалното население, особено на младите, да влијаат врз својот и општествениот живот – таму, каде што се родени.
Овој проект сака да ги поттикне граѓаните да ја развијат локалната демократија, негувајќи ги локалните теми и на тој начин да го зголемат интересот и свесноста за учество во процесите на носење одлуки во самите општини. Пристапот наречен Известување на руралните заедници ќе биде начин за зајакнување на руралните заедници, вклучувајќи ги институционалните фактори и граѓаните. Во рамките на овој проект, младите репортери ќе пренесуваат теми, кои се корисни за населението и на тој начин ќе развијат свесност кај населението, но и гледаност на Отворена ТВ.
Заинтересираните учесници потребно е да се пријават најдоцна до 20 ноември 2018 година. Пријавувањето се врши со испраќање на CV на кандидатот на следната адреса: agtis@agtis.org.mk. Обуката ќе биде повеќедневна, со професионални новинари и обучувачи кои ќе им ги пренесат основите на новинарството на кандидатите. За повеќе информации, ви стоиме на располагање на веќе наведената контакт адреса или на 048 432 432.
Најдобрите кандидати ќе имаат можност да станат редовни дописници на Отворена ТВ Прилеп.
6. „Скроени“ обуки за: Известување на заедницата, новинарски техники
„Скроената“ обука опфаќа широк спектар области: Користење на информатичката технологија во новинарството и известувањето (АГТИС има повеќе сетови на квалитетна видео опрема), мобилно новинарство, видео застапување; организација и надлежности на локалната самоуправа, како и локалните одделенија на државните институции, методи и техники за следење на етничките, верските, родовите, здравствените, младинските и социјалните прашања и следењето на остварувањето на правата на посебните целни групи, техники за подигање на јавната и институционалната свест за маргинализираните и стигматизирани заедници и поединци, луѓе со лесен ментален и психолошки хендикеп, лица со посебни потреби, здравствени загрозени граѓани, невработени, со цел средините да се претворат од „оневозможувачки“ во „овозможувачки“ средини.
Сите скроени обуки може да ги погледнете на следниов линк – https://agtis.org.mk/category/publikacii/obuki-publikacii/.
5. ТРИБИНА КАКО ДО ПОДОБРО И ПОВИСТИНИТО ИНФОРМИРАЊЕ
На 06.09.2018 на просторот под Градски Саат, прилепчани зедоа учество на трибина на отворено со наслов „Како до подобро и повистинито информирање“ во организација на АГТИС-Прилеп.
Трибината е поврзана со два проекти на АГТИС споени во еден: „Рурално и мало новинарство преку Отворена Телевизија – ОТВ“ кои се реализираат благодарение на разбирањето на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија и на Европската Унија.
Самиот проект има намера да креира мрежа на локални репортери по општините во Пелагонискиот плански регион, посебно во оние општини, за кои Прилеп обезбедува одредени институционални услуги. Локалните репортери се одговорот на прашањето кое се постави на трибината: Каков медиум му е потребен на Прилеп?
„Ова новинарство е повзано со знаења за самата локална самоуправа, повеќе е истражувачко отколку сензационалистичко новинарство, и служи малите приказни на обичните луѓе да се најдат во етерот и пред институциите – кои носат одлуки во наше име. Едноставно е, ако ние ја популаризираме некоја ситуација, има многу поголеми шанси таа да се реши. Институциите многу поубаво функционираат, ако постои медиум, кој ги следи нивните работи, а не само настаните.
Затоа и започнуваме со обука за тоа мало новинарство, но преку видеа, со кои знаењата ќе влегуваат и преку кожата, а не само преку главата. Овде ќе учиме да бидеме опасни, да научиме да истражуваме и документи на општините и институциите, нивни планови, одлуки, буџет, отчети… и со тоа, да пробаме да го менуваме општеството во посакувана насока, а не само да бидеме пасивни граѓани, кои живеат со одлуките на општинските власти, а истовремено не учествуваат во процесот на носење одлуки. Едноставно е: Ние сакаме да бидеме вклучени во носењето на тие одлуки, па затоа рано ќе се интересираме, ќе предупредуваме, ќе сакаме да го свртиме јавното внимание и да развиеме дебата на општините и граѓаните. Со тоа се носат подобрувања, а и на општините им е полесно, кога ги имаат граѓанските ставови и мислења. Сето останато е чиста техника“ – објаснува Александар Цветкоски, претседател на АГТИС.
На трибината беа присутни голем број на граѓани, претставници од општина Прилеп, градоначалникот Илија Јованоски, невладини организации, здруженија, бизнис сектор, претставници на политички партии, локални новинари и др. Граѓаните ја искористија трибината за да постават различни прашања до панелистите, за проблемите на локално ниво, за актуелната општествена и политичка состојба во која што се наоѓа нашата држава, како и да ја дадат својата поддршка за граѓанското новинарство и укажаа на потребата од отворено, транспарентно и вистинито информирање.
„Благодарност до АГТИС која што организираше една одлична трибина, токму за новинарството, посебно новинарството во руралните средини, за веста што треба да се прикаже, начинот на прикажување на веста и се она што е потребно за еден новинар. Посебна благодарност за она што ова е прв момент, јас како градоначалник да ја имам можноста, вака на отворено, да излезам со граѓаните на интерактивна комуникација за сите проблеми во градот, а морам уште еднаш да напоменам, дека нема табу тема, за која што не може да се разговара. Стојам на располагање, секогаш и секаде да одговорам на новинарски прашања и прашања од граѓаните. Да направиме се што е во надлежност на општината за да биде подобро отколку што е сега. И мислам дека, секоја добронамерна критика, дали од граѓаните или од новинарите, позитивно ќе влијае на мене и на моите одлуки, на советот, на целата администрација во Општина Прилеп“ – порача Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.
Целосната трибина можете да ја погледнете овде.
Медиумски објавувања
AGTIS-ACTAC – ТРИБИНА КАКО ДО ПОДОБРО И ПОВИСТИНИТО ИНФОРМИРАЊЕ
Општина Прилеп – „Мало новинарство за големи локални теми“
ОТВ Прилеп и Медиски истражувачки центар (МИЦ) – Ниш, Србија – „Трибина Како до подобро и повистинито информирање“
4. Иницијален спот за видео обука за новинарство
3. Мали работилници на проектниот тим со стејкхолдери за појаснување на проектните идеи и потпишување меморандуми за соработка
Потпишување на меморандум за соработка со Општина Прилеп
Потпишување на меморандум за соработка со Општина Долнени
Потпишување на меморандум за соработка со Општина Кривогаштани
Потпишување на меморандум за соработка со Општина Крушево
2. Креативна работилница – План за дисеминација на проектните идеи преку социјални медиуми
1. Креативна работилница – Проектна визуализација
You must be logged in to post a comment.