Вистинското новинарство е истражувачко. Има повеќе од доволно новинари во Македонија кои се занимаваат со „додворувачко“ новинарство. Конкуренцијата е голема, затоа батали го тоа „додворувачкото“, научи, истражи, па напиши убаво сценарио за прилогот. Ако немаш план што да снимиш – нема да снимиш!
На пример, што е со годишните планови, урбанизмот… Новинарот треба да се припреми и да собере информации.
Замисли, во една општина одделиле пари за џамијата/црквата, а не им текнало дека рекчето го турнало мостот и колите поминуваат низ река.
Други, пак, заборавиле дека младите немаат каде да излезат навечер, па не им текнало дека треба да го поплочат средселото, да стават клупи, осветлување… И после младите се отселувале заради пари. Не е заради пари, туку од негрижата на сите во селата…
Ама, тоа треба да се сними професионално и убаво, да биде интересно, гледливо… Инаку, општината секогаш ќе има некој медиум, кој го плаќа и тие „партал“ ќе ве сторат вас, што има вие да прашувате… ќе ви измислат приказни, ќе ве крстат дека играте за некоја партија, за некој криминалец… Од џелати, ќе се сторат жртви.
Прво: Истражи. Почни од општинските годишни планови. Таму стои за што ќе се трошат парите и кому ќе му дадат. Таму стојат и приходите на комуналното, пожарната… Види дали се во зијан или работат позитивно. Ретко ќе најдеш комунално, кое работи со добивка. Види кои цени ќе ги покачуваат и заради што.
ВЕЖБА
ЗАМИСЛИ ПРИЛОГ 1.
ВИДЕО: Прес на јавно претпријатие
Претставник на јавно претпријатие: Ние мораме да ги покачиме цените на водата, затоа што сакаме да ги подобриме услугите кон граѓаните!
ВИДЕО – НОВИНАР на прес: А, кои услуги ќе ги подобрите, и како ние ќе знаеме дека сте ги подобриле? Или, очекувате да ви веруваме на збор? Зошто тоа го нема во поканата за пресов? Морате ли толку да ја потценувате јавноста? Толку ли лесно посегнувате во џебот на граѓаните, а ниту кажувате зошто?
Што претставуваш и какви се теренските податоци? Која е темата? Која е пораката? Што треба со неа да предизвикаш? Какви ќе бидат реакциите?
Потоа, разбирливоста на информацијата. Граѓаните нема да сфатат ниту сложена ниту досадна информација.
1.Дали податоците се разбирливи?
2. Ако се неразбирливи, како ќе ги претставиш?
3. Дали некој ќе ги поддржи тие податоци со интервју? Дали тој што ќе ги поддржи тие податоци има свој мотив за тоа (закаран со некого, има политички интерес, се работи за тоа дека не зел пари од општина, освета и сл).
4. Дали тие податоци можат графички да се претстават, со некоја таблица, споредба со лани, споредба со други места.
ВЕЖБА
ЗАМИСЛИ, ПРИЛОГ 2.:
РЕПОРТЕР: Непознато е заради што градоначалникот се одлучил да става скап гранит во паркчето, кога и со најобичен бекатон работата ќе беше завршена и тоа уште поубаво и пет пати поефтино. Гранитот слизга, па не е познато што ќе прави градоначалникот, кога ќе падне снег? Дали ќе вработи нови чистачи на снег, или тука ќе дежура брза помош? Сеуште не е доцна да ја промени одлуката.
Избери начин на претставување: Сериозен прилог, комичен текст и фаќање на работата „на шала“, видео прилог – без текст, избор на комичен спот од некој друг, каде луѓето се слизгаат и паѓаат… монтажа од симнати видеа… Има милион начини.
БИДИ КРЕАТИВЕН, бидејќи политичарите и нивните новинари нема да можат да одговорат на креативноста.
ПЛАТЕНИЦИТЕ НЕ СЕ КРЕАТИВНИ!
Сепак, најди начин да кажеш дека ти не си против властите, да не те етикетираат од било која страна, туку е ова граѓански интерес:
Може да се каже вака…
ЗАМИСЛИ, ПРИЛОГ 3.:
РЕПОРТЕР: Јавните работи се прават со јавни пари. Тоа се наши пари и не треба да се помируваме кога се трошат неразумно. Ова со години се повторува во не знам колку мандати на градоначалниците и тие мора да сфатат дека рационалноста е дел од нивната работа. Можеби градоначалникот ова не го забележал и работи како што испланирале од неговите служби, па би било убаво да сфати дека ние медиумите му помагаме да ги контролира своите вработени. Гледаме дека тој многу се труди, па не смее да дозволи вакви нелогични работи да му го туркаат рејтингот.
На пример… големо село, луѓето возат скапи коли, прават скапи куќи, дале куп пари за црква, за џамија, за големи кафани… даваат десетици илјади евра за свадби… а младите немаат место каде да излезат, да прошетаат, да седнат, да им дојде некој пејач, пејачка, забавувач, каде да се организира забавен живот… Имаат се, ама немаат ништо.
Како да удрите шамар на цела заедница?
Видеото во исто време е уметност, застапување и новинарство. Затоа, властите се плашат од креативни и надарени луѓе.
Како ќе ги менувате работите, ако не постапите… вака?
Гледај.
Креативно, разбирливо, гледливо? Пораката е пренесена? Власта е на потег? Супер.