Донатор: ФИООМ
Датум на започнување/завршување:15.08.2002 – 30.09.2002
Цели на проектот
Поттикнување мотивираност за гласање. Намалување на влијанието на демотивирачки кампањи (Кампањи: “Странците одлучуваат” и “Сите се исти”) преку десензибилизативни кампањи.
Целна група
Граѓанство на Прилеп, политички партии, ЦШ на политички партии
Активности
Анкета за испитување на расположението за гласање и врската со причините за можната изборна апстиненција; Контролна анкета за испитување на расположението за гласање и влијанието на проектот врз граѓаните; Прес конференција за претставување на резултатите од анкетите (влијанието на проектот); Заедно со трибината; Веб страница; Скрининг сесии со репрезентативен популационен примерок за испитување на валидноста на медискиот материјал и степенот на можно влијание; Постер кампања: “Сите се исти, дали се?”; Постер кампања: “Странците одлучуваат – во своите земји”; Лифлет кампања: “Сите се исти, дали се?”; Веб страница – линк на Група Хирошима; ТВ емисија: Демократија и демокритија; ТВ спот кампања за мотивација за гласање; Лифлет кампања: “Кројте, за да не ви го скројат”; Постер кампања: “Политичка берза” (Најава на трибина); Централна трибина: “Берза на гласачи” (и ТВ презент); Веб страница – линк Демократија и демокритија; Постер кампања: “Кој ќе шие, зависи како ти ќе им го скроиш”; Емитување на ТВ спот за подигање на мотивираноста кај електоратот за гласање мотивација за гласање; ТВ дигитална презентација на едукација: Долг пат од 3 чекори; Веб страница со Линк: Се за гласањето; њњњ.берзанагласаци.орг.мк
Учесници во проектот
Д-р Тале Герамитчиоски – СДСМ, Џорџ Атанасоски – Македонска Алијанса, Зоран Витанов – СПМ, Владимир Ѓорчев – ВМРО – ДПМНЕ, Роберт Алаѓозовски – ЛД, Караџоски Жарко – ВМРО – НП, Ѕвонко Мирчески – ВМРО – ВМРО, други партии.
Резултати на проектот
Десензибилизација на населението од две кампањи за демотивирање на гласачи. Сензибилизација за гласање и право на осмислен и слободен избор. Запознавање со изборните понуди на кандидатите и гласачкиот процес
Партнер за имплементирање
Младински совет – Прилеп, МКА – Прилеп
Проектна документација
Постери, лифлети, ТВ спот, Видео записи од ТВ емисии