Донатор: ЕЦФ и Екумест
Датум на започнување/завршување: 01.08.2003 – 01.03.2004
Резиме
Продонес кон процесот на децентрализација во сферата на културат преку принципита на индикативно планирање на културниот развој, формирајќи Креативен културен борд на Прилеп и застапување за усвојување на официјален муниципален акт Стратегија за културен развој на Прилеп. Организирање на одржливи структури за стратешко планирање на културната политика на локално ниво. Формирање Креативен културен Борд во Прилеп и негова институционализација. Формирање системи, кои ќе бидат корисни и актуелни со Законот за локална самоуправа (припрема на културата за тој закон).
Целна група
Независни културни творци, етаблирани културни институции, ЛС, културни оператори и менаџери, туристички агенции, деловни луѓе, новинари, специјализирани агенции и НВОи
Активности
Поголеми Работилници, Предлози на оформување Кодекс на независен културен сектор, Усвојување на кодексот, Работилница за избор на претставници на НКТ во ККБП: Работилници со Бизнис сектор, Со туристички агенции, Делегирање претставници на политички партии и претставници на локална самоуправа; Централни настани: Промовирање на Кодекс на НКТ, Конституирање на ККБП; Креирање на Индикативна културна Стратигија, Подигање на интерес и активности за усвојување од страна на Советот на Општина Прилеп, Промоција на проектните резултати
Учесници во проектот
Заменик министер за култура Мелпомени Корнети, Градоначалник на општина Прилеп д-р Сашо Пирганоски, д-р Небојша Вилиќ Независни културни творци од Прилеп, претставници на етаблирани институции од културата на Прилеп, Претставници на деловниот сектор, претставници на верските заедници, Претставници на медиумите.
Резултати на проектот
Формирање на Креативен културен борд, изготвување на драфт верзии на плановите за културен туризам и индикативен културен развој.
Партнер за имплементирање
Локална самоуправа – Прилеп, Завод и Музеј – Прилеп, Дом на културата “Марко Цепенков”, ЦСЛУ, ЈНУ Институт за старословенска култура, Независни културни творци
Проектна документација
Публикација Индикативна културна стратегија. Информации и на веб страницата на ЕЦФ
Јавност и презентација
ТВ Спектар Прилеп, централни вести, 24.09.2003; 08.10.2003