Градоначалникот не е златна рипка

Имплементирани

Донатор: National Endowment for Democracy

Времетраење на проектот: Октомври 2012– Април 2013

Проектот има намера да го поддржи граѓанското право на информираност за локалните политички понуди, кои кандидатите за градоначалници и политичките партии ги лиферуваат и ветуваат во предизборието, а кои треба да бидат во склад со надлежностите на општините, согласни со можностите и буџетите на општините и законските и плански документи и приоритетите на граѓаните – нотирани од политичките партии или донесени како општински стратегии. Ќе предизвика подобрување на структуираната информираност на граѓаните во Пелагонискиот регион (Прилеп, Кривогаштани, Новаци, Могила, Битола, Крушево, Долнени, Демир Хисар, Ресен) за политичките предизборни понуди на кандидатите за градоначалници и личностите од кандидатските листи на 4 – 6 релевантни политички партии, како и демотивирање на партиите да градат програми базирани на популизам, мистификација, недоречености и нејасностии во политичките понуди.

Тоа ќе биде постигнато преку информативен, дискусионен и истражувачки процес, кој ќе се води на социјалните мрежи, ТВ куќи и печатени медиуми, во форма на ТВ емисии, прес конференции, сепарати во печатени медиуми, јавна експертска проценка на базираност на понуди, трибини со граѓани, кандидати за градоначалници и политички претставници и експерти во 9 населени места, “Електронски потсетник” за инволвираните општини (што ветиле) и ТВ емисии со експерти, за информирање на граѓаните.

Предмет на проектот ќе бидат и сите локални планови, извори на проценки, SWOT анализи за одредени стопански области, локално економски планови, стратегии за развој и планови за поддршка на заедниците и бизнис заедниците, нивни иницијативи, проекти и заеднички проекти, минати, сегашни и идни планови за подобрување на услугите кон граѓаните, подобрување на јавната администрација, подобрување на даночна администрација, даночна политика, извори за проценка на транспарентност на буџетски процеси и јавни набавки, показатели на капацитет за исполнување на надлежностите на општините, капацитет за планирање на развојот и постоечки човечки капацитети за планирање, планови и практики на користење на локално земјиште, урбано и економско планирање, дозволиво користење на локални капацитети и природни ресурси за поддршка на инвестициите, обука на кадри за такви намени, планови за остварување на надлежности на општините во областа на културата и туризмот, за соработка на општините со НВО-ите, Стопанските комори и Универзитетите во насока на развојот, урбанистичките планови и планирање на развојот низ истите и др.

Со тоа, проектот значително ќе го намали просторот за манипулација, ќе ги информира граѓаните за ветувањата и ќе им овозможи иден мониторинг на таквите понуди, низ реални индикатори на постигнувања, со што ќе се подигне политичкото ниво на самиот изборен процес.

Вторник 19.03.2013 година на завршниот дел од кампањата за информирање и едукација на граѓаните за триковите, кои политичките партии ги користат во своите политички понуди и програми, АГТИС го промовира граѓанскиот информатор, со наслов “Триковите во предизборните ветувања“.

Причина за печатењето на овој многутиражен информатор е нашата оценка, која е зајакната со мислењата на значаен дел од јавноста и лидерите на мислење, дека програмите на партиите се мистифицирани, спинувани, полни со полуинформации, заведувачки содржини, кои имаат цел да скријат, а не да информираат. Многу тиражниот информатор,
веќе се дели на граѓаните од 9 – те општини во регионот Пелагонија
Истиот можете да го симнете на македонски и албански јазик во PDF

Потсетник за предизборните ветувања 2013 -2017

Прилеп; Битола; Ресен; Демир Дисар; Кривогаштани; Крушево; Новаци; Могила; Долнени

Во период од 28.02.2013 до 06.03.2013 АГТИС спроведе анкета за „Ставовите на граѓаните за приоритетите, знаењата, довербата и важноста на понудите на политичките партии на локално ниво, во врска со локалните избори 2013 година“

Анкетата е дел од проектот „Градоначалникот не е златна рипка’’, финансиран од NED, кој има за цел да го поддржи граѓанското право на информираност за локалните политички понуди, кои кандидатите за градоначалници и политичките партии ги лиферуваат и ветуваат во предизборието, а кои треба да бидат во склад со надлежностите на општините, согласни со можностите и буџетите на општините и законските и плански документи и приоритетите на граѓаните – нотирани од политичките партии или донесени како општински стратегии.

Истражувањето е спроведено врз граѓаните во 9-те општини од Пелагонискиот регион, по случаен примерок од 944 испитаници.

Основно истражувачко прашање е дали граѓаните им веруваат на програмите на политичките партии или нив ги сметаат за нешто номинално, кое се прави како (веќе) фолклорен елемент на самите избори. Анкетата има намена да и го предочи на јавноста и на политичките партии:

– Нивото на јавна доверба во политичките понуди и нивната реалност, вистинитост и меритокритичен капацитет (да претставува елемент на предвидување на развојот)

– Степенот на инволвираност на граѓаните во самото утврдување на партиските приоритети (политичарите се колнат дека приоритетните оски на сопствените програми се направени како желба на граѓаните, од кои произлегле самите насоки на програмите) во тие програми

– Нивото на интерес на граѓаните за нивните понуди и степенот на сериозност во нивното разбирање на самиот факт и ритуал на политичка понуда, во замена за власт

– Изворите на информирање на граѓаните, во врска со партиските програми

– Нивото на знаење за надлежностите на општините (чл. 22 од Законот за локална самоуправа), за правилно да проценат дали ветувањата се во склад со надлежностите на општините).

Анализа на анкета и презентација на анкетата

  • Трудови

Како одеше регионализацијата Мудри изреки Пропустите на општините

Пазар на труд Трикови со предизборните ветувања

Процес на децентрализација Пелагониски регион

Related news:

Радио Слободна Европа- Изборни ветувања како првоаприлски шеги – 01.04.2013

Тв Алфа – Локалниот економски развој не е приоритет за општините – 01.04.2013
ТВ Алфа – Трикови во предизборните ветувања – 21.03.2013
Prespa News – Граѓаните на Ресен најинформирани што нудат кандидатите за градоначалници 21.03.2013
Daily Macedonia – 21.03.2013
Новини мк – 21.03.2013
Слободна Европра -Тутунот – главна тема во предизборната кампања во Долнени – 21.03.2013
Грид – Финтите и триковите во предизборните ветувања – 21.03.2013
DW – Како да се парламентарни, а не локални избори – 20.03.2013
Утрински весник – Предупредување во Прилеп: Внимавајте на триковите во ветувањата – 20.03.2013
Канал 77 – 75% од програмите се прават за лични и партиски интереси – 19.03.2013
ТВ Тера – Трикови во предизборните ветувања – 19.03.2013
АМН – Граѓаните од Пелагонија не знаат што им нудат кандидатите за градоначалници – 19.03.2013
Таратур – Не верувајте на предизборните ветувања на политичарите – 18.03.2013
Буквар – Не верувајте на предизборните ветувања на политичарите -18.03.2013
Daily Macedonia – 18.03.2013
ТВ Тера – 18.03.2013
ТВ 24 Вести – Не верувајте на предизборните ветувања на политичарите – 17.03.2013
ТВ 24 вести – Не верувајте на предизборните ветувања на политичарите – 17.03.2013
Буквар – Не верувајте на предизборните ветувања на политичарите 17.03.2013
А 1 он- Колку граѓаните веруваат во програмите на кандидатите – 17.03.2013
Redup – Предзиборна анкета на АГТИС:Граѓаните сеуште недоволно ги знаат ингеренциите на општините и градоначалниците – 14.03.2013
Канал 77 – Граѓаните сеуште недоволно ги знаат ингеренциите на општините и градоначалниците – 14.03.2013
Радио Слободна Европа – Граѓаните не веруваат во предизборните ветувања -13.03.2013
А1 он -Градоначалникот не е златна рипка – 13.03.2013
Утрински весник – Анкета – Градоначалникот не е златна рипка – 13.03.2013
ТВ Канал Визија – Емисија Интервју – 08.03.2013
ТВ Канал Визија – Вести 08.03.2013
Радио слободна Европа – Политиката ги кочи граѓанските иницијативи- 14.02.2013
Утрински весник – Белата чума закана за Пелагонија – 04.02.2013
Утрински весник – Општините заглавени во невработеноста – 03.02.2013
10без10 – 04.02.2013
ТВ Алфа – Пресинг – 15.01.2013
ТВ Телма – Пазар и пари – 10.01.2013
Патоказ – бр.12.2013
Утрински весник- Кочници за развој на малите општини – 25.12.2012
Радио Слободна Европа – Бројни проблеми во Долнени и Кривогаштани – 25.12.2012
ТВ Алфа – Портик – Инфо за локалните избори – 21.12.2012
Можности за развој на општина Новаци – 19.12.2012
Региони – Истражување за економскиот развој во Новаци – 17.12.2012
ТВ Тера – Актуел – Градоначалникот не е златна рипка – 06.11.2012

ФОТОГРАФИИ