Треба да се најде информацијата

Новости

Последните 15 години работите се менуваат и голем дел од работата на Миле, ја презеде Е – Миле, но е-услугите малку се користат, па властите не гледаат дека има интерес од граѓаните да ги подобрат е – услугите, да воведат нови, да ги заокружат како 100% постапка, а не „нешто по емеил, а нешто (пак) на шалтер“. Истовремено и жените „подигнаа глава“, но кога има криза (како со Ковидот), намалена економска активност (како што е поскапувањето на енергијата и производите) и општа државна некадарност, најмногу губат пософистицираните работи и бизниси. Така, редовно, жената е жртва на таквата стагнациија. Конкретно, во Прилеп и прилепско во такви ситуации се зголемуваат плантажите со тутун, каде е женскиот труд најзастапен. Треба да се знае дека е тој труд еден од најнеплатените, ако ги погледнеме бројот на часови за работа. Исто така, замката на „топтан пари“, како што се земаат од тутунот е многу силна, па не се гледа дека со онлајн работа се заработува многу повеќе, а тој бизнис е развоен и постојано може да се зголемува обемот и да се бараат подобро платени онлајн работи, додека кај тутунот и земјоделието, тоа не е така. Дури и ако сакате да унапредите нешто во земјоделието, со ангажирање дополнителна работна сила и тоа треба да се планира, организира, да се бара работна сила, превоз или сместување… што е пак пософистицирана работа, која жената и тоа како може да ја работи. Исто така и во тој случај ќе бидат потребни многу договори, барање земја под закуп или купување, одење по нотари, катастри, даночни управи… што е пак работа која жените – од дома, може да ја организираат најдобро.

            Затоа, жените треба да се охрабрат за да добијат сигурност и свесност дека не биле вистина насоките од баба и мама дека „мажот бил попаметен од жената, па треба да се следи слепо таткото, братот или мажот“, а дигиталната писменост е вистинската работа за лично напредување и стекнување достоинство на жената, кое е и добро платено.

Призводот е дел од Проектот  „Е – услугите не го чекаат Годо“ Целта на проект е да ја зголеми улогата и економската вредност на жената, преку нивно инволвирање во процесот на зголемување на мотивираноста и оперативните вештини за користење различни видови електронски услуги, кои владата, општините и институциите ги нудат на своите електронски асети. Поддржан од ЕИЖ.