Визија и мисија

Визијата на организацијата е, да научиме, заслужиме и стекнеме посакуван статус во граѓанскиот живот, да креираме посакуван модел на организација, која ќе биде алатка на промените во општеството – во посакуваната насока и да произведеме јавен статус и јавни овластувања за организацијата, со цел подобро да ја исполниме нашата мисија.

Мисијата на АГТИС е имплементација на европските стандарди во општеството преку проценка на закони и владини реформи и едукативно подигање на капацитетот на општеството за прифаќање на демократијата, плурализмот, децентрализацијата, дерегулацијата, деинституционализацијата, како и другите видови субсидијарно решавање на проблемите како начини на устројување на државата.

При тоа мислиме и на грижа владините реформи да допринесуваат кон доброто владеење, како на легислативно, така и на имплементациско ниво.

АГТИС, преку медиска дисеминација на своите активности и производи, делува на општата ТВ публика, но и на одредени стејкхолдерски групи во: постигнување свесност за штетноста и неодржливоста на растечките тенденции на концентрација на моќ во процесите на носење одлуки; контрола и реакција при промената законското и фактичко опкружување; пропустите во законите, и нивната некохерентна имплементација, со цел да се појави критична маса секторски експерти со јавна доверба, кои би учествувале во мониторинг на законите, како и на снижување на прагот на толеранција на постапки на лошо владеење.

При тоа, хуморот, карикатурата и видео формите (глумечки и уметнички перформанси) се значајна презентациска форма на организацијата.