Документарна емисија – Родово сензитивна агенда

Обуки

Во минатиот период, проектот „Грас-рут родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ“ , во имплементација на АГТИС, поддржан од ЕИЖ, Хрватска, се стремеше да развие дискусионен процес за јавната инструментализација на стандардизирани празноверија за жените, верата, етносот и малцинскиот статус, како и медиско ширење на родово сензитивна агенда насочена против ограничувањето на женските права.

Проектот допринесе за:

  1. Намалување на институционалните, политичките и религиозно-институционалните пречки за целосна афирмација на жените;
  2. Појава на родови лидерки, како лидерки на мислење;
  3. Развој на родово сензитивна дебата;
  4. Теренски мониторинг на сите форми на повреда на правата на жените и новинарско известување за нив, со неопходна акција за предизвикување институционална реакција.

Клучни активности беа: видео тренинг за родово сензитивно новинарство кој опфати: обука за медиумска писменост; техника за Известување на заедницата; едукација за правни премиси на родовите права, злоупотреба на правата на жените во институциите, традиционална злоупотреба на родовите права, меѓународните стандарди за заштита на човековите и посебните права на жените, познавање на општинските комисии и телата за обезбедување родова еднаквост; изработка на силна проектна визуализација за постигнување поголема проектна видливост и поголемо јавно внимание; емисии за топирање на родовата агенда во медумскиот простор и просторот на социјалните мрежи; воспоставување на женска солидарност преку заеднички работилници со претставнички на институциите на системот, претставнички на партии, верски заедници, бизнис сектор, невладин сектор, млади; централна работилница за родово сензитивно новинарство.

Погледнете ја документарната емисија за проектот во продолжение.

Овој напис е дел од проектот „Родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ“, кој го спроведува АГТИС, поддржан од ЕИЖ, Омиш, Хрватска.