Дипломски работи

Новости Обуки

Во минатиот подолг период, проектот „Грас-рут родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ“ , во имплементација на АГТИС, поддржан од ЕИЖ, Хрватска, се стремеше да развие дискусионен процес за јавната инструментализација на стандардизирани празноверија за жените, верата, етносот и малцинскиот статус, како и медиско ширење на родово сензитивна агенда насочена против ограничувањето на женските права.

Во склоп на проектот „Грас-рут родово сензитивна агенда преку Отворена ТВ“, млади корисници од Пелагонискиот регион ги изградија своите капацитети за медиумска писменост, за женските права и стекнаа вештини за родово сензитивно известување на заедницата. Во текот на целиот проект, младите изработуваа дипломски работи од различен вид, и преку фотографија, видео и напис работеја на тоа го прикажат реалниот поглед на статусот на жената и девојката во економскиот, социјалниот и општествениот живот, да ги прикажат ограничувањата и примерите на кршење на посебните женски права, да ја топираат женската агенда преку следење на значајни промени од различен опсег, институционален, личен, општествен итн.

Во прилог, погледнете ги дипломските работи.

Зошто е важна родовата еднаквост?


Институционална промена – измена на Кривичен законик за детски бракови

Дали измените се применуваат во пракса? Промената е процес, не настан. Малолетничките бракови се штетна практика која не смее да се дозволи да се случува понатаму. Кои проблеми ќе се најдат на патот на девојче кое со 16 години се одлучило за брачна заедница?

Штетните практики не смеат да бидат нормална практика повеќе!
Културата на молчење го поддржува маскулиниот став!

Серија фотографии


h

Рурална девојка и жена

Жената е дискриминирана не само теоретски, туку и во практика.„Родителски состанок на кој ги повикав мајките, и дојде само една“ – Блерије Ќамили – наставник по албански јазик.

Зошто младите се исселуваат од руралните средини?

„Според истражувањата на Македонската платформа против сиромаштија, руралните подрачја трпат опустошување, депопулација, поради внатрешната миграција која изнесува околу 34%. Тоа значи дека 34% од руралното население се преселило во урбаните центри. Ако се додаде и надворешната миграција, тоа е веќе сериозен, голем проблем не само за руралните средини, туку и за државата воопшто“ истакнува професорка Емељ Туна, една од авторките на истражувањата.З

Ограничени можности за младите од руралните средини да остварат пристојна заработувачка

Младите се соочуваат со пречки во пристапот до активните финансиски услуги. Овие ограничувања мора да се надминат, за да се создадат пристојни можности за живот за младите во руралните средини. Неискуството на младите луѓе, наивноста, лошата организација и недостатокот на глас го попречуваат нивното учество во модерните развојни програми за подобрување на руралните средини. Понатаму, на младите земјоделци им е потребно да им се помогне во стекнувањето на одржлив пристап до природните ресурси.

Руралното образование продолжува да заостанува

Кога младите луѓе од руралните средини немаат основни вештини како што се способноста да анализираат информации и да прилагодуваат и користат нови технологии, тогаш е многу помала веројатноста да посетуваат корисни обуки за дополнителен развој. Подеднакво, предизвик е и лошиот квалитет и ограничената релевантност на руралното образование.

Недостатокот на можности во руралните средини често ги принудува младите луѓе да мигрираат

Волонтирањето и практикантството се ретка појава за младите во руралните средини. Децата од град имаат поголеми можности. „И недостига кино, но елементарни работи немаме – курс по јазици, лошо образование и да учиме, но и да се дружиме“ – велат младите.

Насилство врз жени и девојки

Семејно насилство (семејно малтретирањемалтретирање на брачниот другар или насилство врз интимниот партнер) — меѓучовечка појава кога одреден член насемејството, партнерот или поранешен партнер, физички или психички се обидува да доминира врз другиот. Семејното насилство често се однесува на насилство меѓу брачните партнери, но исто така може да вклучува партнери кои живеат вонбрачно и интимни партнери кои не се во брак. Семејното насилство се појавува во сите култури; луѓе од сите раси, етнички групи, религии, полови и класи можат да бидат извршители на семејно насилство. Семејното насилство се извршува и од мажи и од жени.

Родова агенда и медиуми