Интервју со Имер Селмани – поранешен министер за здравство и вице премиер за спроведување на Охридскиот договор
„Реформите не значи тие само да се стават на хартија, да се креираат закони и подзаконски акти, туку треба да заживеат, а хендикепот на Македонија, цело време, бил во тоа дека: не дека немало добри закони и добри подзаконски акти, туку нивното заживување секогаш било проблематично. Сега Европската Унија, Европската Комисија, очекува од Македонија не само промени во законите, не само во подзаконските акти туку заживување на овие промени и реформи во практиката и знаејќи дека од овие точки зависи европската иднина на нашата земја, се надевам и верувам дека Владата ќе има максимална посветеност за тоа, барем последнава година да имаме ефекти или да имаме ефективност на овие резултати“ – вели Имер Селмани, поранешен министер за здравство и вице премиер за спроведување на Охридскиот договор во интервјуто, дел од проектот „Детски болести на демократијата“ реализиран од АГТИС Прилеп.