ОТВ – Активирај се против говорот на омраза и лажните вести

Новости ОТВ

За прилог за ОТВ, репортерката Фросина Трајкоска, проследи јавна дискусија во организација на ПАКТИС, која се одржа на економскиот факултет во Прилеп за поврзаноста на говорот на омраза и лажните вести и како тоа се одразува врз општеството и поединците. Говорници на настанот беа: Александар Цветкоски – Претседател на АГТИС – Прилеп и Сунаи Сабриоски – Новинар во телевизија 24 вести.

Видеото е дел од проектот на АГТИС, „Рурално и мало новинарство преку Отворена ТВ“, поддржан од Амбасадата на САД во Македонија, направено во склоп на „скроена“ обука за мало новинарство, чија што цел беше формирање на теренска мрежа на репортери.

Обуката за мало новинарство беше спроведена на централен тренинг на кој присуствуваа младите репортери, градоначалницте на Прилеп и Крушево, институционални  и НВО претставници, а беше водена од врвни новинари во Р. Македонија: Сашо Орданоски (1ТВ), Горан Величковски (Канал 5-Зевзекманија) и Сефер Тахири (професор на Факултетот за јазици, културa и комуникации на Одделот за комуникации на Универзитетот на Југоисточна Европа), како и од тимот на АГТИС од интернационални Community Reporters: Александар Цветкоски, Мартина Билјаровска, Божидар Цветкоски и Филип Стојаноски.