Повик за прибирање понуди за изнајмување ТВ опрема и услуги

Огласи

Повик

за прибирање понуди за изнајмување ТВ опрема и услуги

во рамки на проектот „Формирање локалнен непрофитен медиум” Отворена ТВ (ОТВ)

 

 

  1. Предмет на повикот

Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка објавува Повик за прибирање понуди за „ Изнајмување ТВ опрема и услуги “, до сите заинтересирани правни лица.

 

  1. Повикот е дел од Проектот, со наслов „Формирање локалнен непрофитен медиум” Отворена ТВ (ОТВ) “ (во натамошниот текст „Проект“)

 

  1. Понудата од чл. 1 на овој Повик, покрај проценката на цената за реализација на предметот на договорот, од чл. 5 на овој Повик, и деталниот опис на предметот на договорот од член 4., треба да се раководи и од целта на проектот: Проектот цели кон зајакнување и вмрежување на здруженијата на граѓански организации за учество и подобрување на капацитетите за објективно информирање на граѓаните во локалната заедница и заштита и унапредување на човековите права. Специфични цели на проектот се: Поттикнување мрежно поврзување на граѓанските организации за олеснување на размената на знаења и вештини за објективно информирање, Воспоставување локални медиуми,Емитување на медиските материјали на граѓанските организации – во вклучените партнерски земји

 

  1. Опис на предметот на договорот

Предметот на договорот од чл.1 треба да биде реализиран на следниот начин и со следните минимални барања:

  • Изнајмување видео опрема
  • Помош и обука за изработка на документарен филм и други видео материјали,
  • Снимање со професионални камери и професионална опрема (светло и звук)
  • Ангажирање режисер, кој ќе го раководи снимањето
  • Монтажа наматеријали
  • Финализација на ТВ материјалит, негова постпродукција, со вметнување на сите ознаки, знаци и текстови, кои ќе бидат зададени од АГТИС
  • Поддршка за подигнување на техничкото ниво на емисии (човечки ресурси, опрема и негово користење).

 

  1. Проценета цена за реализација на предметот на договорот и рокови

Проценетата цена за реализација на предметот на договорот треба да биде без ДДВ (проект ослободен од ДДВ)

Понудите по овој повик треба да бидат доставени најдоцна до 22.08.2018 година.

Предметот на договорот треба да биде реализиран најдоцна до 01.11.2018 година.

 

  1. Начин на пријавување и избор на изведувач

Заинтересираните кандидати треба да ги достават документите за пријавување или во електронска форма на  agtis@t.mk, или по пошта, на адреса АГТИС – Прилеп, ул. „Пиринска“, бр. 62, заклучно со 22.08.2018 г.  Датумот на поштенскиот печат на понудите – доставени по пошта ќе се смета за датум на поднесување на овие понуди.

Понудите по пошта да бидат доставени во запечатен коверт со назнака

„Изнајмување ТВ опрема и услуги “.

Документите за пријавување вклучуваат:

а) Претставување на правното лице, со вклучени слични активности од последната година

б) Краток драфт на содржината

в) Цена за реализација на предметот на проектот

г) Банкарски податоци

 

  1. Начин на спроведување на предметот и плаќање

Изборот на изведувач го врши внатрешна комисија на АГТИС, преку детална спецификација на критериумите за избор.

Избраното правно лице ќе достави фактура за реализација на предметот на повикот, ослободена од ДДВ, спрема процедурите, кои ги реализира АГТИС.

Понудата на правното лице е составен дел од документацијата и анекс на фактурата.

Плаќањето  ќе биде извршено еднократно, на сметка на понудувачот.

 

  1. Завршни одредби на повикот

Против одлуката на Комисијата за избор можете да доставите приговор до Претседателот на АГТИС, во писмена форма, на било кој начин, со доказ за достава на жалбата, на адреса АГТИС – Прилеп, „Пиринска“ бр. 62, адресирано до Претседател на АГТИС Александар Цветкоски, со назнака: „Лично на рака“ или преку архивата на АГТИС на наведената адреса или во канцеларијата

АГТИС ќе одговори на приговарачот, само ако најде основаност на наводите од приговарачот, а во спротивно приговорот се смета за беспредметен.

Одлуката на Претседателот на АГТИС е конечна.

Потребните информации за повикот можете да ги добиете кај Мартина Билјаровска, на тел 048 432 432 и на меил: agtis@agtis.org.mk.

Комисија за прибирање понуди на АГТИС