Големо и мало новинарство

Новости Обуки

Новинарството, вообичаено се поврзува со „големите“ настани: политика, партии, државни теми, вести за познатите и славните, дневни вести, институции, нивни акции, големи настани од светот на бизнисот, регулацијата на бизнисот, промени итн..

Но, што е со секојдневните приказни на малиот човек, малата општина, руралната општина или локалните институции? Зар не вреди да се даде во медиум нечија животна приказна?

Кој ќе почне да ги менува работите? Кој ќе ги менува штетните навики? Кој ќе алармира за некаков криминал, сеча на шума, загадување на руралната средина? Кој ќе најде експерт да процени какви ѓубрива користиме и дали тие не трујат?

Заради тоа, постои новинарство за мали приказни. Девојки и момци од кои можат да известуваат за многу нешта, кои им се интересени во селата, градовите, што се случило, како се случило, зошто не се случило, кој е одговорен за тоа. Овие репортери можат многу да се најдат во малите рурални општини и да бидат центар за менување на своите места. Тие можат да ги рушат локалните заблуди, празноверија, штетни навики. Тие можат да започнат теми за разговор, да го снимаaт мислењето на граѓаните и да го дадат во медиум, па потоа, никој не може да рече „јас не знаев“.

Што е разликата меѓу нас и класичен медиум?

Класичните медиуми даваат само вести и малку забава, пренесуваат од „големите вести“ и толку.  Нив им е битна веста – она што се случило денес.

Вистински медиум е истражувачки. Покажува и она што се случило и она што не се случило, а требало да се случи и она што ќе се случи, ако сработиме.