Кога аплицираш (поднесуваш барање) за е – услуга на порталот uslugi.gov.mk, понекаде бараат да „закачиш“ некој документ.
Но, има луѓе кои досега имале закачено само вируси и казни за паркирање.
Изгледа сложено, но не е!!!
Секој документ, кој ти е битен (од пасош и лична карта, до изводи од Централен регистар, катастарски документи, и боледување…) сликај го или скенирај го и имај си го на компјутер или во телефонот.
Кога ќе побара порталот да закачиш некој документ, немој да се откажеш со изговор: „Шо ти мене качење“, туку „си го викаш документот“ од телефонот или компјутерот и го закачуваш. Само гледај што ти бара апликацијата и што ти нуди за стискање (мени понуда).
Исто е за се: Како да прајќаш слики преку фејсбук.
Што било тоа фејсбук?
Ај не се измотавај.